Осми починат пациент од Западнонилска треска во Македонија

Нил

Седумдесетгодишен маж од Драчево е осмата жртва на западнонилската треска во земјава.

Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, каде што повеќе денови бил во критична здравствена состојба. Тој имал и повеќе придружни заболувања.

Информацијата за смртниот случај ја потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Починатиот бил жител на Драчево, кое се вбројува меѓу подрачјата најсилно погодени од ширењето на вирусот.

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, во земјава се регистрирани 56 заболени лица, од кои 52 се водат како потврдени, а четири како веројатни случаи на западнонилска треска.

Вирусот најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец. Поголемиот дел од заразените немаат симптоми, но кај постарите лица и кај пациентите со хронични заболувања постои повисок ризик од развивање потешка форма на болеста.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?