Зверев сигурно до полуфинале на УС Опен

Александар Зверев обезбеди место меѓу четворицата најдобри на УС Опен, откако во четвртфиналето убедливо го совлада Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп со 6:2, 7:5 и 6:1.

Мечот на стадионот „Артур Еш“ траеше два часа и 18 минути. Зверев имаше осум аса и реализираше шест од деветте брејк-топки, додека неговиот противник не искористи ниту една од двете можности за брејк.

Германецот имаше најмногу проблеми во вториот сет, но успеа да го добие со 7:5, по што целосно ја презеде контролата и во третиот сет му препушти само еден гем на Ван де Зандшулп.

Со победата Зверев стигна до своето 13. грендслем полуфинале во кариерата и четврто годинава. Тој е единствениот тенисер кој во 2026 година стигна најмалку до полуфиналето на сите четири грендслем турнири.

Зверев годинава го освои Ролан Гарос, неговата прва грендслем титула, а играше и во финалето на Вимблдон. Со 23 победи на грендслем турнирите во една сезона го надмина и германскиот рекорд на Борис Бекер од 1989 година.

Во полуфиналето во Њујорк ќе игра против Карен Хачанов. Русинот се пласираше понатаму откако Белгиецот Александер Блокс го предаде четвртфиналниот меч поради повреда при водство на Хачанов од 6:2, 7:5 и 3:2.

Зверев и Хачанов добро се познаваат, а Германецот води со 6:3 во меѓусебните дуели. Нивниот најпознат меч беше финалето на Олимписките игри во Токио, кога Зверев го освои златниот медал.

Во другото полуфинале ќе играат Американците Бен Шелтон и Френсис Тиафо.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?