Театарската претстава „ГОСПОЃИЦА ЈУЛИЈА“, по текст на Август Стриндберг, во режија на Иван Јерчиќ и во продукција на ОХО Продукција, КИЦ Битола, Europe House Битола и Центар за култура Битола, на 19 септември ќе гостува на театарскиот фестивал Dyrrachium Internationl TheatreFestival во Драч, Албанија.
Претставата ја имаше својата премиера во април годинава, а во изминатите месеци беше повеќепати изведена пред битолската публика, која ја проследи со голем интерес и одлични реакции.
Во насловната улога настапува актерката Викторија Степановска Јанкуловска, ликот на Жан го толкува Никола Стефанов, додека улогата на Кристина ја игра Марија Стефановска.
„ГОСПОЃИЦА ЈУЛИЈА“ говори за класните разлики, моќта, општествените ограничувања и положбата на жената — теми кои и повеќе од еден век по настанувањето на драмата, остануваат исклучително актуелни.
Пред гостувањето во Албанија, битолската публика ќе има можност да ја погледне претставата на 16 септември во 20 часот, во Офицерскиот дом.

