Нова водоводна и фекална мрежа за 200 жители на Маџир Маало

Општина Центар започна градежни активности за поставување нова водоводна и фекална мрежа на улиците „Анте Хаџи Митков“ и „Кеј 13 Ноември“ во Маџир Маало.

Со зафатот се прошируваат капацитетите за водоснабдување и одведување на фекалните води, а вкупната должина на новите цевководи изнесува 127 метри.

Според Општината, станува збор за целосно нова инфраструктура која треба да обезбеди постабилно водоснабдување за околу 200 жители, како и подобро одведување на отпадните води.

„Ја подобруваме инфраструктурата во интерес на граѓаните. Со овој проект жителите на Маџир Маало добиваат современо и сигурно водоснабдување и трајно решение за одведување на фекалните води“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Од Општина Центар најавуваат дека ќе продолжат инвестициите во комуналната инфраструктура со цел подобрување на условите за живеење на жителите.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?