Од недела дожд и грмежи, од вторник доаѓа заладување

Стабилното и топло време ќе се задржи уште во петок и сабота, а од недела следува промена со повремени врнежи од дожд, локална нестабилност, грмежи и засилен ветер. Позначително заладување се очекува од вторник, кога од север ќе навлезе постудена воздушна маса.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурите низ Македонија ќе се движат од околу 10 степени наутро до 32 степени во најтоплите делови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб југоисточен ветер.

Слично време ќе се задржи и во сабота – претежно стабилно, сончево и релативно топло за втората половина на септември.

Промената почнува во недела.

Наместа ќе има повремени врнежи од дожд, а во делови од земјата се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси.

Нестабилноста ќе продолжи и во понеделник. Според актуелните прогностички модели, тогаш на места може да има и пообилни врнежи, особено во периодите кога нестабилната воздушна маса ќе биде најизразена.

Од вторник следува поизразена промена.

Продор на постуден воздух од север ќе предизвика позначително опаѓање на дневните температури. Во Скопје, на пример, по максимални температури околу 30 степени во недела и понеделник, во вторник се очекуваат околу 23 степени, со значително посвежо утро.

Со тоа ќе заврши периодот на доцнолетни температури над 30 степени и ќе започне посвежо септемвриско време.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?