СДСМ бара референдум пред отворање рудници за антимон

СДСМ

СДСМ бара граѓаните директно да одлучуваат дали во нивна близина ќе се отвораат рудници за антимон, обвинувајќи ја Владата дека без јавна дебата располага со природните ресурси на Македонија.

Кети Штерјова од СДСМ на денешната прес-конференција порача дека евентуалното отворање рудници не смее да биде одлука што ќе ја донесе само Владата, туку за тоа треба да се изјаснат жителите на засегнатите општини.

„Мора граѓаните да се прашаат. Во средините во кои живеат да се изјаснат на референдум дали сакаат или не сакаат близу до нивните места на живеење да се градат рудници“, рече Штерјова.

Таа го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека земјата, водата, рудите и другите природни ресурси ги става на располагање на компании без, како што рече, граѓаните да бидат прашани.

Штерјова посебно предупреди на можните еколошки и здравствени ризици од експлоатацијата на антимон. Според неа, изложеноста на прашина може да има последици врз здравјето, а постои и ризик од загадување на подземните води. Овие оценки ги изнесе како аргумент зошто локалното население треба да има директен збор пред одобрување на вакви проекти.

Од СДСМ ја поврзаа темата и со актуелните проблеми со квалитетот на водата во повеќе населени места, оценувајќи дека државата најпрво треба да покаже дека може ефикасно да ги контролира постојните еколошки и здравствени ризици.

Штерјова го отвори и прашањето за најавените дата-центри, тврдејќи дека и кај овие проекти недостигаат одговори за користењето на водата, потрошувачката на електрична енергија и економската корист за државата.

Од СДСМ оценуваат дека природните богатства не треба да се ставаат во функција на инвестициски проекти без претходна јавна расправа и согласност од населението кое директно би било засегнато.

„Македонија не е на распродажба“, порача Штерјова, повторувајќи го барањето за локален референдум пред евентуално отворање рудници.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Да, како изборен предмет или како програма за сите ученици 821 (71%)
71 %
Не, тоа е исклучива одговорност на семејството 232 (20%)
20 %
⁠Немам став 109 (9%)
9 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Да, како изборен предмет или како програма за сите ученици 821 (71%)
71 %
Не, тоа е исклучива одговорност на семејството 232 (20%)
20 %
⁠Немам став 109 (9%)
9 %