Жерновски: Мицкоски во САД покажа дека е на периферијата, а не во „периметарот“

Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ, ја критикуваше посетата на премиерот Христијан Мицкоски на САД, оценувајќи дека средбите во Вашингтон и Њујорк покажале дека Македонија е „на периферијата“, а не во политичкиот „периметар“ за кој, според него, претходно зборувал премиерот.

Жерновски, во гостување во емисијата „Директно“ на Телма, се осврна на средбата на Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со американскиот државен секретар Марко Рубио.

Тој оцени дека начинот на кој била претставена средбата не одговара на нејзината реална политичка тежина и тврди дека краткиот контакт во ходник бил прикажан како разговор за Стратешкиот дијалог со САД.

„Добро е што конечно падна лагата за некаков периметар во кој премиерот Мицкоски нè уверуваше дека се наоѓаме“, изјави Жерновски, оценувајќи дека посетата, според него, покажала спротивна слика за меѓународната позиција на Владата.

Тој го критикуваше Мицкоски и поради неговата последна изјава дека раскинувањето на меѓународните договори би било возможно само доколку Македонија е сама во светот.

Според Жерновски, таквиот став е спротивен на претходните позиции на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија. Тој потсети дека партијата претходно зборувала за референдум за договорот со Бугарија и за враќање на старото уставно име, а сега, како што оцени, Мицкоски зборува поинаку.

Жерновски тврдеше дека со тоа премиерот ги разочарува гласачите кои очекувале спроведување на тие позиции откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт.

„Кога вие како партија ќе го вратите уставното име?“, праша Жерновски, насочувајќи ја критиката кон претходните ветувања и јавни настапи на ВМРО-ДПМНЕ.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?