Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Египет: Полицијата користи апликации за состаноци за да лови ЛГБТ лица

Би-Би-Си објави транскрипти и извештаи како египетската полиција лови ЛГБТ лица на апликации за запознавање

Во Египет хомосексуалноста е силно стигматизирана, а долго време има тврдења дека полицијата лови ЛГБТ лица преку интернет. Би-Би-Си објави докази и разговори меѓу жртвите и полицијата, за тоа како властите користат социјални мрежи и апликации за состаноци за да стигнат до ЛГБТ лицата.

Според Би-Би-Си, во доставените полициски извештаи за апсење се содржат транскрипти од разговори кои покажуваат дека тамошните власти ги користат апликациите за да бараат ЛГБТ лица, иницираат СМС разговори со нивните мети, а во некои случаи дури и фабрикуваат докази против нив.

-Откако пораснав во Египет, свесен сум за распространетата хомофобија која продира во секој дел од неговото општество. Но, пријателите ми кажуваат дека атмосферата неодамна станала многу побрутална, а тактиката за следење на ЛГБТ луѓето пософистицирана, изјавува за Би-Би-Си, ЛГБТ лице кое било таргет на тамошната полиција.

На ЛГБТ луѓето во Египет им е исклучително тешко да се сретнат јавно, така што апликациите за запознавање се популарен начин за тоа. Но, само користењето на апликациите, пишуваат од Би-Би-Си, без оглед на вашата сексуалност, може да биде основа за апсење врз основа на поттикнување разврат или закони за јавен морал во Египет.

Не постои експлицитен закон против хомосексуалноста во Египет, но кривичното дело „разврат“ – закон за сексуална работа, се користи за криминализирање на ЛГБТ заедницата.

Мета не се само Египќаните, велат од Би-Би-Си: во еден транскрипт полицијата опишува идентификување на странец кој ја користел популарната апликација за состаноци за хомосексуалци „Grindr“. Странскиот државјанин започнал разговор со полициски доушник, кому му испратил слики од него и неговото тело. Тој потоа бил уапсен, обвинет за „разврат“ и на крајот депортиран.

Инаку, Египет е еден од стратешки најважните западни сојузници на Блискиот Исток и секоја година добива милијарди долари поддршка од САД и ЕУ. Околу половина милион британски туристи ја посетуваат земјата годишно.

Подготви: А .Р. (Frontline)

Зачлени се на нашиот е-билтен