Македонските фудбалери отпатуваа за Љубљана, утре играат против Словенија

Фото: Фудбалска федерација на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација денеска отпатува за Љубљана, каде утре ќе се соочи со Словенија во второто коло од Лигата на нации. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Стожице“, со почеток во 20:45 часот.

За избраниците на Гоце Седлоски ова е прво гостување во новото издание на натпреварувањето. Македонија ја започна групната фаза со пораз од Швајцарија со 0:3 во Скопје, додека Словенија во првиот натпревар одигра 0:0 со Шкотска.

Дуелот во Љубљана е можност македонскиот тим да го поправи впечатокот од стартот на Лигата на нации и да ги освои првите бодови во групата. По гостувањето во Словенија, Македонија на 3 октомври ја пречекува Шкотска.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?