Сулејмани за „Македониумот“: Случајот е чувствителен, ќе ги разгледаме правните аспекти

Сулејмани

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани вели дека случајот со снимањето на спотот „Секси мама“ во „Македониумот“ во Крушево е чувствителен и најави дека ќе ги разгледа правните можности за натамошно постапување.

Сулејмани денеска изјавил дека за случајот дознал утринава и дека сè уште ги нема сите потребни информации.

„Треба да видиме со правните служби како можеме понатаму, дали треба да се направи некоја законска измена“, рекол министерот, пренесуваат медиумите.

Според Сулејмани, ваквите објекти законски имаат право да се изнајмуваат, но директорите на институциите треба да внимаваат за какви намени ги отстапуваат и да бидат запознаени со програмите и нивната содржина.

„Директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти и треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина“, изјавил Сулејмани.

Министерот додал дека не сака да избрзува со оценка пред да ги добие сите детали.

„Деталите не ги знам бидејќи случајот е нов за мене, сабајлево дознав, така што ако кажам нешто веројатно ќе згрешам. Ќе се информирам дополнително и според тоа ќе видиме како понатаму“, рекол Сулејмани.

Случајот се однесува на снимањето на делови од спотот на косовскиот рапер Дон Џони во „Македониумот“, за што просторот, според изјавата на директорот на Историскиот музеј „Крушево“, бил отстапен за околу 500 евра.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?