Советот на Град Скопје не го прифати предлогот Универзалната сала да биде преименувана во „Универзална сала Владо Јаневски“.
Иницијативата ја поднесе советничката на СДСМ Кети Штерјова, во чест на пејачот Владо Јаневски, кој почина на 28 јуни.
Штерјова образложи дека Јаневски оставил значаен придонес во македонската популарна музика и дека неговите песни се дел од музичкото наследство на повеќе генерации.
Предлогот не доби поддршка од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои имаат мнозинство во Советот.
На истата седница не беа прифатени ниту предлозите на Левица за воведување билет со временско ограничување во јавниот превоз и за пропишување хигиенски и технички услови за приватните превозници.
На дневен ред беше прифатен предлогот на советничката Кате Цаневска за воведување систем „0 отпад во Скопје“.
