Новата траса на автобусот 35 пуштена во сообраќај

Новата траса на автобуската линија 35 е активирана и од денеска ќе сообраќа од Ново Лисиче до Радишани.

Со измената, линијата треба подобро да ги поврзе источниот и северниот дел на Скопје и да обезбеди директна автобуска врска за поголем број населби.

Линијата 35 ќе ги поврзува Ново Лисиче и Радишани преку повеќе фреквентни сообраќајници и населби, со што се очекува да се намали потребата од преседување за дел од патниците.

Промената е дел од новата организација на јавниот превоз во Скопје и доаѓа по барања за подобра поврзаност меѓу периферните населби.

ЈСП Скопје треба дополнително да ги објави точниот возен ред и сите постојки на изменетата траса.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?