Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во нападот во регионот Харков повредени 43 лица, меѓу кои 12 деца

Најмалку 43 лица, меѓу кои 12 деца, се повредени откако руски проектил погоди паркинг на станбена зграда во областа Харков, соопштија локалните власти.

Меѓу 12-те деца има едногодишно и десетмесечно бебе, јави Би-Би-Си.

Според украинските власти, руска ракета Искандер паднала во градот Первомајски околу 13 часот и 30 минути по локално време.

Украинскиот јавен обвинител Андреј Костин изјави дека во таа област има само станбени згради и оти „ова е уште едно руско воено злосторство“.

Первомајски се наоѓа на околу 90 километри јужно од главниот град Харков и е релативно далеку од жариштето на борбите, кои претежно се во регионот на Донбас. ј

Зачлени се на нашиот е-билтен