Минатиот период на светско ниво се случи најсинхронизиран циклус на затегнување на монетарните политики, но инфлацијата не не доведе до класичен ценовен шок, но таа резултираше со покачување на каматните стапки, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежовска на годишната конференција „Година на нови можност“.
-И при големите економски предизвици ние одговоривме преку стабилен девизен курс на домашната валута, рече Бежовска.
Таа додаде дека клучни аспекти се курсот на денарот , односно девизниот пазар и инфлациските притисоци.
-Уште кон крајот на 2021 година забележавме притисоци и оттогаш реагиравме со монетарната политика одржувајќи ја ликвидноста, истакна гувернерката.
Таа додаде дека како резултат на преземените мерки, особено во сегментот на енергијата и храната, инфлацијата за првпат се намалила во ноември минатата година и очекува овој тренд да продолжи. Бежовска очекува инфлацијата да се симне на едноцифрен број односно од 14 проценти оваа година на нешто под 10.