Во годината во која Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци одбележува 70 години постоење и 70 години фолклорна дејност, чиј носител е Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“, Домот на културата по четврти пат го организира Меѓународниот фестивал “Кавадаречки фолклорни средби“.
Фестивалот ќе се оддржи на Градскиот плоштад во Кавадарци во деновите 6, 7 и 8 јули 2023 (четврток, петок и сабота), концертите започнуваат од 20 часот. На сите концерти ќе им претходи дефиле со учесниците по централните градски улици, кое ќе започнува од 19.30 часот.
Учествуваат Фолклорен ансамбл “Тиквеш“ Кавадарци; КУД “Јане Сандански“ – Неготино; ЖФГ “Радовишанки Етно“ – Радовиш; Фолклорен ансамбл “Мегдан“ – Богданци; КУД “Живинице“ – Живинице, Босна и Херцеговина; КУД “Шумадија“ – Горни Милановац, Србија; Фолклорен ансамбл “Бејармуду“ – Северен Кипар; Фолклорен ансамбл “Лубовњан“ – Стара Лубовња, Словачка.
Фестивалот е во рамките на “Кавадаречко културно лето 2023“.
Фестивалот е поддржан од Локална самоуправа на општина Кавадарци и Министерство за култура на Република Северна Македонија.






