Бугарија денес ќе биде домаќин на Меѓународната министерска конференција за Коридор 8.
На форумот ќе учествуваат министри и високи претставници на земјите долж Коридор 8 – Бугарија, Албанија, Италија, Република Северна Македонија, како и претставници на други земји од регионот – Романија, Косово и Црна Гора. Меѓу учесниците ќе биде и европската комесарка за проширување Марта Кос, високи претставници на Европската служба за надворешни работи и НАТО, како и претставници на Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Украина. Тематските дискусии ќе вклучуваат претставници и експерти од областа на транспортот, енергетиката, одбраната, инвестициите, иновациите и новите технологии.
Програмата се состои од три дискусиони панели, кои ќе се фокусираат на стратешката важност на Коридор VIII за регионалната стабилност и евроатлантската интеграција, развојот на транспортната и енергетската поврзаност, зајакнувањето на енергетската безбедност и потенцијалот за економски раст. Посебен акцент ќе се стави и на клучната улога на Коридор VIII за безбедноста и отпорноста на регионот, во контекст на воената мобилност и ефикасниот одговор на кризи.
Во рамките на форумот се очекува и средба меѓу министрите за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија.
Оваа средба премиерот Мицкоски ја најави како „коњопој“ средба.

