Одделот за внатрешна контрола при полицијата во Грција истражува речиси 1.300 припадници на полицијата, крајбрежната стража и вооружените сили поради наводна измама поврзана со лажни патни трошоци, кои достигнале вкупна сума од над 12 милиони евра.
Досега се уапсени 17 лица – меѓу кои полицајци, припадници на крајбрежната стража и еден воен припадник – во Атина, во градот Јанина (северозападна Грција) и на островот Лезбос во источниот дел на Егејското Море.
Се верува дека две криминални групи продавале сметки од вистински хотели или изнајмени станови за наводни престои за време на службени патувања, кои потоа биле пријавувани како трошоци за надомест.
Се претпоставува дека вкупно 1.291 припадник на безбедносните сили ги искористиле овие лажни сметки.
