Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ФОТО) Руски медиуми шират лажни вести дека хемискиот елемент „Московиум“ е преименуван во „Украиниум“

Руската пропаганда шири лажна приказна во која се тврди дека во Украина, еден од хемиските елементи бил преименуван.

Пропагандистите тврдат дека хемискиот елемент „Московиум“, кој бил вклучен во табелата под бр. 115 во 2016 година, бил преименуван во „Украиниум“, пренесува Укринформ.

Медиумите во Кремљ, провоените Телеграмски канали и проруските профили на Твитер дистрибуираат фотографии од периодниот систем на хемиски елементи наводно издаден во Украина, каде што еден од елементите се нарекува „Украиниум“.

Како доказ, руските пропагандисти наведуваат инстаграм стори на женско лице, за која тие тврдат дека е Украинка, која во неименувана продавница за канцелариски материјали видела периодична табела со хемиски елементи, при што елементот 115 се нарекува „Украиниум“, објавуваат од Укринформ.

Во долниот дел од табелата на фотографијата може да се види е-пошта на издавачката куќа Литера-ЛТД, која е специјализирана за издавање учебници и наставни помагала за деца од предучилишна возраст, ученици и студенти од стручно-техничко образование. Се гледаат и последните четири цифри од телефонскиот број на менаџерот на компанијата.

– Ваков периодичен систем на хемиски елементи никогаш не бил објавен, вели за Укринформ главната уредничка на издавачката куќа Литера-ЛТД, Олха Бородина и додава дека компанијата никогаш не издала посебна табела на хемиски елементи. Периодниот систем се нуди само во прирачници за студентите да се подготват за завршните испити. Покрај тоа, табелата што тие ја печатат е испечатена црно-бела, а не во боја.

Исто така, таа нагласува дека издавачката куќа никогаш не става телефонски броеви на менаџери во своите печатени производи.

„Никогаш не ставаме податоци за контакт на менаџерот на нашата онлајн продавница на нашите печатени производи. Овој број е достапен само на нашата официјална веб-страница. Тие едноставно ги имаат земено податоците од страницата и ставено таму“, изјавила главната уредничка на Литера-ЛТД за Укринформ.

Исто така, не е јасно како пропагандистите можеле да ги видат приказните на жената на Инстаграм бидејќи нејзиниот профил во моментов е префрлен на приватен.

А.Р.

Извор: Frontline

Зачлени се на нашиот е-билтен