СДСМ: Кој верува во анкета во која народот сака да плаќа за Гета и провизија на арамијата и да го викаат талог?

СДСМ

Опозицискиот СДСМ ја критикува власта по објавувањето на две истражувања на јавното мислење, оценувајќи дека резултатите се обид за прикажување позитивна слика за состојбите во земјата, и покрај економските проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Од СДСМ тврдат дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ од 19,3 проценти, наведен во едно од истражувањата, покажува значителен пад на довербата во партијата во споредба со резултатот што го освоила на изборите. Според опозициската партија, агенцијата што го спровела истражувањето била платена 400.000 евра, а не биле објавени точните резултати за СДСМ.

Опозицијата оценува дека необјавувањето на тие податоци отвора сомнежи за начинот на кој се презентирани резултатите. СДСМ тврди дека ја враќа довербата кај граѓаните, но во соопштението не наведува конкретни податоци од истражувањето што би го потврдиле тоа.

Партијата реагира и на друго истражување, според кое 57,5 проценти од граѓаните биле задоволни од квалитетот на животот, додека 41,2 проценти имале позитивен став кон прославата на 35-годишнината од независноста на државата.

Од СДСМ ги поврзуваат овие резултати со трошоците за настапот на Дејвид Гета, за кој тврдат дека биле издвоени 5,53 милиони евра. Опозицијата прашува како ваквите трошоци се оправдуваат во услови кога, според неа, нема доволно средства за земјоделците, студентите и работниците.

Во соопштението СДСМ наведува дека граѓаните се соочуваат со високи трошоци за живот, скапи горива и недоволни приходи, а ја критикува Владата и поради тоа што не ја зголемила минималната плата на 600 евра. Партијата посочува и на растот на јавниот долг, буџетскиот дефицит и проблемите со финансирањето на пензискиот систем.

Опозицијата реагира и на податокот од истражувањето според кој, како што наведува, 41 процент од граѓаните позитивно ја оцениле употребата на зборот „талог“ во политичката комуникација. СДСМ го оспорува ваквото толкување и го критикува начинот на кој било формулирано прашањето.

Од партијата ја обвинуваат Владата за лошо управување со економијата и за изолација на земјата во надворешната политика. Воедно, најавуваат дека, според нив, одговорност за постапките на власта ќе мора да има пред независното судство.

СДСМ ги повика граѓаните самостојно да ги оценат објавените истражувања и резултатите од нив.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?