Жителите на Пчиња и Студена Бара ја прекинаа блокадата на „Краста“

Жителите на кумановските села Пчиња и Студена Бара утрово ја прекинаа шестдневната блокада на депонијата „Краста“, откако пожарот бил изгаснат, а отпадот затрупан со земја.

Од Месната заедница Пчиња велат дека блокадата е прекината по договор со жителите и по средбата со Кризниот штаб, но остануваат на барањето отпадот во иднина да се депонира на начин што ќе спречи повторно тлеење и пожари.

Според нив, тоа би значело отпадот редовно да се покрива со слоеви земја.

Од ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово соопштија дека околу 10:30 часот повторно почнало изнесувањето на сметот кон „Краста“.

Претпријатието најавува засилена работа и во текот на ноќта поради големите количества отпад што се насобраа во градот, населбите и селата додека траеше блокадата.

Приоритет ќе имаат зоните каде што е натрупано најмногу ѓубре.

Блокадата траеше шест дена. Жителите ја започнаа поради пожарите и чадот од депонијата, за кои тврдат дека со месеци го загадуваат воздухот во околните населени места.

За време на блокадата дел од отпадот од Куманово се носеше во други општини, а два дена и на скопската депонија „Дрисла“.

Санирањето на „Краста“ треба да продолжи и во наредниот период.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?