Скопје од вечерва влегува во џез расположение

џез

Скопскиот џез фестивал ужива култна репутација во Европа и светот, обезбедена со грижливо конципирана богата програма, втемелена на ексклузивноста, актуелноста, современоста и погледот кон иднината на џез музиката.

Многубројните џез фестивали во Европа најчесто се гледаат себеси како „чувари на традицијата“, а многу е мал бројот на оние кои програмски се занимаваат со проширување на поимањето за тоа што може да биде џезот: истражувачки, со поместување на границите и во потрага по нови звуци и редефинирање на современиот џез.

Скопскиот џез фестивал припаѓа на оваа категорија и секоја година успева да изненади, отворајќи нови перспективи и хоризонти, без програмско додворување на масовната публика.

Годинашната програма засигурно ќе ја потврди ваквата неговата посебност и елитниот статус во Европа. Што е наша примарна цел, велат организаторите, а не додворувањето на потребите на нашето поднебје.

Статистички, ова издание на фестивалот (на кое ние не гледаме како јубилејно) има рекорден број изведувачи од дури тринаесет земји. Речиси сите концерти се наполно ексклузивни, во овој период само за Скопје.

Новина е што богатата пополноќна програма ќе се одржува на исто место, Националната опера и балет, на специјално за оваа прилика подготвената Мала сцена.

Од Скопксиот џез фестивал велат „останавме горделиви на воспоставената традиција на прикажување на најдобрите музички документарци, овојпат со уште едно култно филмско дело. И на работилницата „Џез за деца“.

Дизајнот на фестивалот е на ликовниот уметник Џоле Јовановиќ.

Zlatko Kaučič Kombo BC Bravery of the Brave

(Словенија)

15 Октомври, Национална опера и балет, 20:00

Leonhard Skorupa New Quispel Octet

(Австрија/Германија/САД/Северна Македонија)

15 Октомври, Национална опера и балет, 22:00

Pasquale Mirra and Hamid Drake Lahsa

(Италија/САД)

15 Октомври, Национална опера и балет – мала сцена, 24:00

PUNKT INTERNATIONAL

Eivind Aarset & Jan Bang Dream Logic

(Норвешка)

16 Октомври, Национална опера и балет, 20:00

PUNKT INTERNATIONAL

Skúli Sverrisson & Ólöf Arnalds

(Исланд)

16 Oктомври, Национална опера и балет, 22:00

PUNKT LIVE REMIX

Erik Honoré & Jan Bang

(Норвешка)

16 Октомври, Национална опера и балет, 24:00

Andrea Mirčeska Quintet Lullaby for Lunatics

(Северна Македонија)

17 Октомври, Национална опера и балет, 20:00

Nduduzo Makhathini

(Јужна Африка)

17 Oктомври, Национална опера и балет, 22:00

Аlexander Hawkins & Sofia Jernberg Musho

(Велика Британија, Шведска)

17 Октомври, Национална опера и балет – мала сцена, 24:00

São Paulo Underground

(САД, Бразил)

18 Октомври, Национална опера и балет, 20:00

Vincent Peirani Quintet Living Being

(Франција)

18 Октомври, Национална опера и балет, 22:00

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?