Филипче: Мицкоски халуцинира дека е добра економијата – имам сомнеж дали верува или некој му сервира

Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во централниот Дневник на МТВ упати остри критики за погрешните економските политики на Мицкоски, посочувајќи ги новите задолжувања и намалувањето на капиталните инвестиции.

„Христијан Мицкоски практично халуцинира дека добро работи економијата, покажува и мавта со некои хартии на кои пишува убави бројки за него. Јас веќе имам сомнеж дали тој навистина верува во тие бројки или некој му ги сервира од службите, затоа што економијата се води во пропаст“, изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека причината за ребалансот е во неможноста на институциите да ги наплатат планираните приходи а не акцизите и ДДВ како што лаже Мицкоски.

„Тоа што Христијан Мицкоски кажува дека ребалансот се прави поради акцизите и ДДВ-то на горивата е само уште една негова голема лага. Затоа што приходот од акцизите и од ДДВ-то не е толкав колку што е сумата што е причина за ребалансот на буџетот. Сега ова е втор ребаланс. Во ситуација кога сите земји ги планираат буџетите за следната година, нашата влада повторно прави ребаланс. Зошто? Не може да ги наплати приходите. На приходната страна имаат околу дваесет и нешто милиони евра помал приход“, рече Филипче.

Осврнувајќи се на задолжувањата, тој предупреди дека владините политики водат кон значително зголемување на вкупниот долг на државата.

„Ново задолжување од 150 милиони евра со фрапантна камата од 5,5 проценти и уште 100 милиони евра што ќе ги земат по ребалансот, за да следи ново задолжување од една милијарда евра следната година. Со тоа, вкупниот долг на земјава ќе порасне на 12 милијарди евра, од осум, колку што наследија во 2024 година“, посочи Филипче.

Тој нагласи дека задолжувањата се придружени со кратење на средствата за капитални инвестиции и за здравството, што, според него, директно ќе се одрази врз граѓаните.

„Огромни задолжувања, пари што се трошат само за трошоци, не за капитални инвестиции. Капиталните инвестиции се намалени со новиот ребаланс за 100 милиони евра, намалени се парите во здравството за двете болници, Штип и Кичево, и намалени се парите за ретки болести и за инсулин. Само како една илустрација дека граѓаните ќе патат“, истакна Филипче.

Ваквото управување со економијата носи сè поголем товар за граѓаните.

„Само сиромаштија и огромни долгови, сè на сметка и за сметка на партиските тендери. Тоа е суштината“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?