Кинеската економија повторно расте благодарение на вештачката интелигенција

кинеската економија

Економијата на Кина порасна со побрзо темпо во третиот квартал, опоравувајќи се од најслабите резултати во последните три години. Главен двигател на растот беше силниот извоз на технологија поврзана со вештачката интелигенција (ВИ), објавува Би-Би-Си.

Официјалните податоци покажаа дека втората најголема економија во светот порасна за 4,5 проценти во третиот квартал. Ова е подобрување во однос на претходниот квартал, но сепак е пониско од растот од 5 проценти во првиот квартал од оваа година. Ова ја достигна долната граница на годишната цел на Пекинг од 4,5 до 5 проценти. Аналитичарите велат дека таков резултат им дава простор на властите да се справат со постојните економски проблеми.

Извозот на технологија ја компензира домашната криза

Иако извозот ги ублажи ефектите од слабата домашна потрошувачка, идните перспективи се оптоварени со глобалните трговски тензии и неизвесноста поврзана со инвестициите во вештачката интелигенција. Националното биро за статистика на Кина соопшти дека економијата „одржува стабилен раст и покрај притисоците“ и покажува „моментум со нови двигатели на раст и подобрена структура“.

Трговскиот суфицит на Кина, разликата помеѓу извозот и увозот, се очекува да го надмине минатогодишниот рекорд од 1,07 трилиони евра, поттикнат од зголемувањето на извозот. Во исто време, официјалните податоци покажаа дека инвестициите во недвижности се намалиле за повеќе од 20 проценти во првите девет месеци во споредба со истиот период минатата година.

Шина Јуе, аналитичарка во „Оксфорд економикс“, изјави дека високотехнолошкото производство и извозот го поттикнале растот на Кина и покрај слабите инвестиции и слабата домашна потрошувачка. Кинеската економија останува оптоварена со долготрајната криза со домувањето, резултат на годините преголема изградба и задолжување од приватни инвеститори.

Јуе рече дека сè уште нема знаци дека негативниот тренд ќе заврши наскоро. Таа додаде дека трговската неизвесност и геополитичките загрижености ги направиле кинеските потрошувачи попесимистички и помалку склони кон трошење.

Стимулативни мерки и надворешен отпор

Технолошкиот сектор е главен двигател на растот на Кина во последните квартали. Глобалната побарувачка за компјутерски чипови и други компоненти за центри за податоци со вештачка интелигенција ја компензира слабоста во домашната потрошувачка. Кинеските компании се свртеа кон извозот бидејќи продолжената криза со домувањето, бавниот раст на платите и високата невработеност кај младите го забавија домашното трошење.

Пекинг претстави пакет мерки за стимулација во септември, вклучувајќи пониски каматни стапки за некои компании и субвенции за купувачите на домови. Но, Кина се соочува со отпор од западните економии, особено од САД и Европската Унија, чии производители се борат да се натпреваруваат со огромните количини евтина кинеска стока.

Загриженоста се зголемува и од милијардите евра инвестирани во инфраструктура за вештачка интелигенција и од тоа дали компаниите што стојат зад тие инвестиции можат да ги исполнат своите ветувања за големи профити.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?