ФМУ слави 60 години со концерт на популарни жанрови

Професори, алумни и дипломирани студенти на Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе настапат вечерва, 19 октомври, во бар „Филхармонија“, на концерт посветен на Катедрата за популарни жанрови. Настапот почнува во 19.30 часот и е дел од одбележувањето на 60-годишнината на Факултетот.

Концертот е во рамките на серијата „Една сцена, шест децении музика“. Со заедничкиот настап, различни генерации музичари поврзани со ФМУ ќе ја претстават музичката разновидност на популарните жанрови.

Настанот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?