Студентите го одбија моделот на Шасивари за полагање на правосуден испит

Правосудниот испит остана без договор за јазикот на полагање по средбата на министерот за правда Јетон Шасивари со претставници на студентите и правните факултети на 19 октомври во Скопје. Предложениот модел предвидува 12 предмети да се полагаат на албански, а два на македонски јазик, но студентските претставници побараа целиот испит да биде на албански.

Според презентираниот предлог, албанскиот јазик би се користел за теоретскиот дел, додека практичниот дел би останал на македонски. Студентските претставници ја отфрлија ваквата поделба и побараа целосно полагање на албански, повикувајќи се на Законот за употреба на јазиците.

„Сакаме целиот правосуден испит да се полага на албански јазик“, изјави Сухејб Мехмеди, студентски правобранител од Универзитетот „Мајка Тереза“. Според него, Шасивари ветил нова средба со деканите и професорите. Студентите најавија можност повторно да протестираат доколку нивното барање не биде прифатено.

Министерот, пак, порача дека законските измени ќе се разгледуваат заедно со академската заедница и студентите, чии забелешки треба да влијаат врз конечното решение.

„Не сакаме законските решенија да се носат зад затворени врати“, истакна Шасивари. Тој нагласи дека кандидатите треба да добијат порамноправни можности, со зачувување на единствените професионални стандарди потребни за вршење на правните функции.

Според образложението на Министерството за правда, предложените измени треба да ги усогласат можноста за користење на јазикот на кој кандидатите ги завршиле правните студии и потребите на функционален правосуден систем. Шасивари тврди дека предложениот модел ја поврзува јазичната вклученост со професионалните критериуми за полагање.

За предложените измени министерот најави дека ќе побара и мислење од Венецијанската комисија. Целта, според него, е дополнителна правна сигурност и усогласеност со европските стандарди, а Министерството ќе ги разгледа препораките што ќе произлезат од таа постапка.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?