Русија и Украина го прекинаа огнот во Олешки за за да се спроведе хуманитарна операција

Олешки

Руските и украинските сили го прекинаа огнот во одредена област околу Олешки, во Херсонската област, како подготовка за хуманитарна операција, објавија денес претставници на двете земји.

Руското Министерство за одбрана објави дека прекинот на огнот стапил на сила на 27 октомври во 4:00 часот наутро по московско време, додека украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец изјави дека режимот на молчење е воведен во 3:00 часот наутро по киевско време.

Лубинец рече дека украинската страна ги почитува постигнатите договори, кои се спроведуваат како дел од хуманитарната мисија со учество на руската комесарка за човекови права Јана Лантратова и со посредство и координација на првата дама на САД Меланија Трамп, објави Укринформ.

Според руското Министерство за одбрана, началникот на Генералштабот Валериј Герасимов го објави прекинот на огнот минатиот петок, а Украина ја поддржа иницијативата.

Оттогаш, единиците на руската Дњепарска група спроведуваат инженерско извидување и отстранување на експлозивни направи и стапици од главните пристапни патишта до Олешки.

Во изминатата недела беа деактивирани повеќе од 300 вакви направи.

Руската комесарка за човекови права, Јана Лантратова, изјави дека главните цели на операцијата се испорака на храна, лекови и други потребни материјали, како и евакуација на жителите кои доброволно ќе одлучат да го напуштат градот.

Олешки се наоѓа на левиот брег на Днепар, спроти Херсон, кој е контролиран од украинските сили.

Гувернерот на Херсонската област, Володимир Салдо, ги обвини украинските сили за намерно создавање тешка хуманитарна ситуација со напади врз енергетски и комуникациски објекти.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?