Зголемена незивесноста за Нетанјаху, најмногу гласачи до пладне од 1977 година

фото: JINIPIX

Висока излезност на денешните парламентарни избори во Израел, на кои се решава дали Бенјамин Нетанјаху ќе остане на власт или земјата ќе добие ново политичко раководство. До пладне гласале 31,5 отсто од избирачите, што е највисока излезност во овој дел од изборниот ден од 1977 година.

Според објавените податоци, до 10 часот гласале 16,68 отсто од избирачите, додека до пладне на гласачките места излегле приближно 2,3 милиони граѓани. Излезноста е за околу три процентни поени повисока во споредба со изборите во 2022 година.

Право на глас имаат околу 7,33 милиони граѓани.

Изборите се сметаат за еден од најважните политички тестови за Нетанјаху, кој се соочува со силен предизвик од поранешниот началник на Генералштабот, Гади Ајзенкот.

Високата излезност може значително да влијае врз распределбата на мандатите, особено доколку се зголеми учеството на гласачите кои традиционално ги поддржуваат опозициските партии. Сепак, засега не може да се процени кому му оди во прилог зголемената мобилизација.

Гласачките места се затвораат во 22 часот по израелско време, односно во 21 часот во Македонија, кога се очекуваат и првите излезни анкети.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?