Мажите треба да ејакулираат најмалку 21 пат месечно за заштита на простатата

За машкото здравје во Македонија речиси и да не се говори, затоа што најчесто е табу тема, споделена со другари или воопшто па не се ни дискутира. Но, повторените истражувања на темата на повеќе светски универзитети ги повторуваат заклучоците од главната студија од 2016 година, дека без разлика дали станува збор за секс или маструбација, мажите кои ејакулираат најмалку 21 пат во текот на месецот, се многу позаштитени од рак на простатата.

Истражувањето, опфатило 31.925 мажи од американската студија „Health Professionals Follow-up Study“. Тимот со истражувачи од Харвард и Бостонскиот универзитет ги следел учесниците 18 години, од 1992 до 2010 година.

Учесниците одговарале на прашања за зачестеноста на ејакулацијата во различни периоди од животот. Кај оние што пријавиле најмалку 21 ејакулација месечно во своите дваесетти години бил забележан за 19 отсто помал ризик од дијагноза. За истата зачестеност во четириесеттите години, разликата изнесувала 22 отсто.

Во двата случаи споредбата била со мажите што пријавиле четири до седум ејакулации месечно.

Поврзаноста била најизразена кај туморите со низок ризик. За високоризичната болест и ракот што веќе се проширил не била утврдена статистички значајна поврзаност.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?