Почна исплатата на октомвриските пензии

ВИ генерирана фотографија

Денеска, 30 октомври, почна предвремената исплата на октомвриските пензии. Четири банки имаат најавен или утврден термин за исплата на последниот работен ден од месецот, па дел од пензионерите ќе можат да располагаат со своите средства уште пред почетокот на ноември.

Комерцијална банка, ТТК банка и Централна кооперативна банка официјално потврдија дека октомвриските пензии ќе бидат достапни од денеска.

Исплата на последниот работен ден во месецот е предвидена и со новите правила на Шпаркасе банка, кои се применуваат од 1 октомври 2026 година. Според нив, пензиите треба да бидат достапни денеска, иако банката нема објавено посебно известување за октомвриската исплата.

Пензионерите кои користат дебитни картички ќе можат да ги подигнат средствата од банкоматите или да ги користат за плаќање во трговската мрежа. Исплатата во готовина ќе се врши и преку шалтерите на банките.

За останатите банки засега нема потврдени информации дека исплатата ќе се реализира денеска.

Бидејќи 1 ноември годинава се паѓа во недела, првиот работен ден во наредниот месец е понеделник, 2 ноември, кога е можна исплата и во другите банки.

Пензионерите можат да ја проверат состојбата на своите трансакциски сметки преку банкомат, мобилно банкарство или директно во банката.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?