Хасановиќ: Генерацијата Z веќе не игра по правилата на партиите – во Македонија се чека прагот на гневот

Хасановиќ

Емир Хасановиќ, политички аналитичар за безбедносни прашања и стратегиски комуникации, во ова интервју за генерацијата Зет, вели дека денес младите работат повеќе, а живеат полошо од своите родители и дека проблемот не е демократијата, туку партиите што не се менуваат

Затоа, вели Хасановиќ, кога системот ги затвора вратите за нови идеи, незадоволството излегува на улица затоа што граѓаните бараат институции што ќе одговараат за своите постапки.

Нашиот соговорник вели дека новата генерација, израсната со интернет и социјалните мрежи, „со три споделувања и една група го забрзува политичкиот отпор и дека движењата без класичен лидер ги ставаат старите политички структури пред нов предизвик.

Но, истакнува Хасановиќ, не е доволно да се смени власта – системот мора да стане отпорен на злоупотреби.

Тој вели дека е неодржлив системот којшто има повеќе пензионери отколку вработени и дека не може вие на вересија да се исплаќаат плати и пензии.

За Хасановиќ Европа не е адреса на која се оди, туку стандарди што се градат дома.

На апатијата и неизлезноста на изборите во Македонија, Хасановиќ гледа како на пораки до политичарите, а за трпението на граѓаните вели дека се чека прагот на гневот, и дека Кочани и Гостивар се блиску до тој праг.

Со Емир ХАСАНОВИЌ разговараше Зоран БОЈАРОВСКИ

Се вклучивте на Јутуб каналот на порталот РАЦИН.мк. Добредојдовте во новото издание на серијата интервјуа „Имаме неколку прашања за вас“. Доколку до сега не сте не следиле, сега е време да го направите тоа и да добивате редовно известувања за новите содржини на нашиот Јутуб канал.

Добредојде за Емир Хасановиќ, политички аналитичар за безбедносни прашања и стратегиски комуникации. Но, она што беше мојата мотивација да ве повикам на ова интервју беше тоа што сметам дека сте човекот кој во овој момент ги има вистинските одговори за генерацијата Зет и за она што се случува со неа овие денови.

Еден период наназад, но особено овие денови, во светот, во регионот имаме политички активности кои се врзани за оваа генерација или аналитичарите ги врзуваат за оваа генерација и претставуваат еден нов модел на политички активизам.

Има ли нешто што е заедничко, што ги поврзува овие активности во различните делови од светот, да речеме во Србија, Франција, Португалија, Шпанија, Италија и така натаму.

Пред се благодарам на поканата и задоволство е да се разговара со вас.

Во контекст на прашањето, знаете, првиот забележан некаков протест е забележан дури и во времето на Рамзес Трети во Египет по повод недостаток на доволно жито коешто било наменето за компензација за нивната работа, односно за работата на работниците или во тоа време, како што ние во историските читанки ги нарекуваме закрепостените селани.

Значи цената на лебот, цената и стандардот на животот диктираат задоволство или незадоволство, односно прагот на толеранција за одредени услови за живот. Инфлацијата во светот не мора да ја коментираме до кое ниво е стигната, цените за животот и самата куповна моќ на граѓаните, не само ели кај нас, иако кај нас е мислам на експоненцијално ниво порасната, насекаде во светот е веќе на едно незанемарливо ниво и ние како генерација, ние миленијалците пред се, а потоа и џен Зи ќе бидат првата генерација која што ќе живее далеку полошо од своите родители и нивните претходници.

И мислам дека тоа диктира едно незадоволство и едноставно неприфаќање на правилата на игра кои што многумина од нас ги чувствуваат како да се наместени, односно наместени против нас и против сето она што еден нормален човек може да го очекува, а тоа не се некакви големи очекувања, иако со помош на дигиталната технологија сега ние очекувавме дека нашиот живот ќе се олесни, ќе биде по предвидлив и поквалитетен.

Тоа не само што не се случува, ние одиме назад. За некого станува сон купување на сопствено живеалиште, што не се случувало порано. Секој морал да работи за тоа, меѓутоа да стигнете до еден момент каде што тоа се чини како еден речиси невозможен сон, тоа нормално дека ќе предизвика револт, еден низок праг на толеранција, еден гнев, нешто што ќе се канализира токму онаму каде што треба.

Властите треба да обезбедат некаква регулација. Дополнително ја усложнува ситуацијата и тоа што ланецот на снабдување е комплетно нарушен со блокадата на Ормускиот премин и тоа дополнително прави притисок не само на економиите, туку и на самите граѓани, бидејќи корпорациите на еден начин или на друг преживуваат, добиваат некакви пакети за спасување.

Исто така, што се случи и со интернет баблот во 2001 година, па потоа и со финансискиот колапс во 2007, како и со мини колапсот во две 2014. Секогаш тие преживуваат, но тој што го плаќа вистинскиот цех е просечниот човек.

Ние велиме не играме по тие правила повеќе. Тоа е некое пластично објаснување на она што се случува мислам дека.

Младите работат повеќе, а живеат полошо од своите родители.

Спомнавте некои од причините поради кои се кренаа, така да го употребам тој збор, иако жестоко се кренаа. На некои места во светот на генерацијата Зет им се придружија и миленијалците, имаше и други групи кои им се придружија.

Ќе разговараме малце околу како и зошто тој гнев почна да привлекува и други групи, па дали тоа беше позитивно или не, малку подоцна за тоа. Дали самата генерација како генерација беше обединувачки фактор за причините што ги спомнавте?

Некаде беше образованието, некаде се економските причини, некаде се социјалните причини или домувањето. Во Србија беше корупцијата. Значи, различни се директните мотиви за нивната реакција. Што ги обединува?

Па директните мотиви се различни во зависност од контекстот, нели?

Бидејќи не сите имаме еднаква стартна позиција, меѓутоа од таа стартна позиција сите ние сакаме да направиме некаков отскок, нели? Фактот дека отскокот станува сè потежок, односно невозможен. Во нашиот контекст можете само да го погледнете цената на квадратот на станбените живеалишта во Скопје.

Колку тоа чини? Кој може да очекува реално, дека со една, две, пет години работа може за себе да си обезбеди живеалиште со една плата? Па дури и со две плати? Тоа станува сè по невозможно. Тоа станува сè подалеку замисливо и тоа ми пречи на мене.

Мислам дека тоа е еден сосема, сосема нормален крик во контекст на Србија. Повикувајќи се на претходната аналогија за протестите, односно штрајковите за леб, одговорот на Римското царство било леб и леб и игри.

„Игрите“ во Србија достигнаа навистина едно вулгарно ниво. Не само што немате вие некаква културна понуда којашто многумина ја доживуваат како шунд, вие имате комплетен недостиг на било какво изразување на младинска културна понуда и наметнување на некаква пропаганда претставување на некаква розова слика што се случува дури и секаде.

И мислам дека тоа е тој генерациски јаз кој што ги разгневува младите, каде што се вели дека ние не работиме доволно, дека ние не се трудиме доволно, дека ние на некој начин можеби сме биле разгалени, иако јас мислам дека не постои генерација којашто повеќе работи од миленијалците и од џен-зи.

Сите ние работиме една работа, па уште една од страна, па се дообразуваме, па учиме нови вештини, па имаме неверојатни стандарди коишто ни се наметнуваат повторно преку тие „леб и игри“, преку тие инфлуенсери кои што велат дека вака се правеле пари и тоа прави еден вид на комплекс, еден притисок којшто едноставно не се издржува веќе психолошки. Кризата за ментално здравје на глобално ниво, којашто мислам дека се занемарува на еден катастрофален начин, дополнително ги усложнува работите, бидејќи сето ова коешто ние го зборуваме во апстрактни термини е една психичка состојба којашто секој од нас ја чувствува, а тоа е еден, еден огромен психолошки притисок и едно огромно, огромно разочарување.

И кога немате канали, кога ви е узурпирано секакво легитимно претставување преку парламентите, узурпирана ви е секаква нормална поплака на извршните власти, којашто на крај се усложнува дотаму да самата бирократија си служи само на себе, а не на мене како граѓанин за да добијам некаков одговор за моите тегоби и права.

Тоа е она што ги фрустрира сите. Во Португалија можеби тоа изгледа поинаку од Македонија. Како што кажав, стартната позиција е различна, но фактот дека статус квото е толку зацементирано е она што ни пречи.

Едноставно не гледаме излез од тоа и ако не гледаме излез, тогаш ќе мораме сами или да „подметнеме некаде динамит, па тоа да пукне“, па да излезе некако поинаку, бидејќи вака не се живее.

Проблемот не е демократијата, туку партиите што не се менуваат

Она што се забележува јасно е дека генерацијата Зет и миленијалците го ставија на преиспитување моделот за демократија каков што е сега и очигледно не се задоволни од тоа како тој функционира, особено во делот на функционирањето на институциите, што впрочем и вие го аплицирате во вашиот одговор.

Дали има моќ во овој гнев, во овој бунт, во овој активизам, да се преиспита целото прашање за принципите на демократијата?

Тоа зависи што подразбирате под демократија.

На пример, ако можам да го интерпретиран Черчил, тој има речено дека демократијата, иако има многу маани, недостатоци и е далеку од совршена, сепак е подобра од кој било друг политички систем што човештвото го познава. Подобар сѐ уште не не измислен.

Демократијата како концепт не мислам дека е поразен.

Демократијата како концепт никогаш не била пожива со тоа што, доколку вие пред триесет години сте имале еден телевизор со пет канали, кајшто вам ви одлучува некој што ќе гледате и ќе ви сервира во колку часот ќе гледате вести, во колку часот ќе гледате цртани и така натаму, тоа денес не е случај.

Ние денеска разговараме и ова ќе биде на Јутјуб и кој кога сака, дали додека јаде, дали пред да спие, ќе си го пушти ова интервју и ќе го гледа. Јас мислам дека подемократско нешто од тоа нема. И тоа е она што ги предизвикува луѓето коишто се долго време, како да кажам, рул мејкери, односно кои што ги поставуваат правилата на игра и кои што на еден или на друг начин можеле да профилираат свои пратеници, можеле да профилираат свои претседатели на партии, потпретседатели и така натаму.

Денеска мене тоа апсолутно не ме интересира. Зошто мене некој да ми каже кој да ми биде пратеник, а јас да не го видам тој човек четири години во мандатот или пак дури и во кампањата да е тогаш анонимус. Како тоа? На кој начин е тој пратеник? Значи, не е демократијата во криза. Демократијата сега е во едно созревање, тотално во чекор со своето време, а тоа што традиционалните партии, политичките концепти на кои што сме навикнати, се тотално неспособни да го следат, не се спремни да се прилагодат, тоа е нивни проблем.

Така што проблемот со демократијата е за традиционалните партии, а не за самиот концепт на демократија.

Кога системот ги затвора вратите за нови идеи, незадоволството излегува на улица

Немав намера да го спорам демократскиот капацитет или демократијата на политичките движења на генерацијата Зет…

Не, легитимно е прашањето, но сакав да дадам контекст бидејќи многу често тие движења се интерпретираат како криза на демократија.

Не е во криза демократијата. Главната улога на традиционалната партија полека еродира и тоа е факт и не можете вие против тоа донкихотовски, против ветерници коишто не постојат. Едноставно ветровите на промена ќе ве однесат во историјата и крај. Нема борење против тоа.

Очигледно имаме еден судир за тоа, за идејата за тоа како треба да изгледа демократијата денес, имајќи ги предвид сите фактори кои влијаат на тоа. Дигитализацијата, на пример, оваа генерација израсна во дигиталниот свет, се промени, се менува целиот, целиот концепт за размислување.

Прашање на пристап, извинете што ќе ве прекинам, прашање на пристап. Еве за наши услови, пак ќе се вратам, иако е глобален феномен, но за наши услови. Како можете вие да регистрирате партија во Република Македонија? Никако. Невозможно. Тоа е херкулеански, сизифоски дури предизвик.

Да регистрирате ново движење каде што вие ќе кажете добар ден, јас сум тој и тој. Ова се луѓето со кои што јас сакам да соработувам и јас сакам легитимно да побарам начин на кој што ќе понудам нешто ново. Како? Не постои реален…

„Не ме прави будала“: граѓаните бараат институции што ќе одговараат за своите постапки

Постојат законски прописи како се прави партија, нели? Група граѓани, статут, формулари…

 Формулари, статут, десет илјади потписи, па иди во Централен регистер.

Кој има време за тоа? Луѓето во Србија рекоа во ред, ако е тоа така, добро ние ќе направиме, ама малку поинаку. Ќе наполниме плоштади. И тоа го веруваат луѓето и во Франнција, во Париз. Тоа го веруваат луѓето и во Милано, го веруваат и во Лондон, го веруваат секаде. Рекоа добро океј, прашање на пристап е.

Вие кога ќе направите еден систем каде што пристапот на нови идеи е херметички затворен, тогаш настанува општествен курцшлус, затоа што мене никој не ме слуша и еден голем процент во ова општество никој не го слуша. Треба јас сега да одам во некоја партија каде што таму некој одбор и некои членови во некој комитет избрале некој човек и јас треба да поминам петнаесет филтри за јас да кажам мене што ме мачи.

Ама ајде тоа никој не го прифаќа веќе. Кој нормален човек на мои години сака така да функционира? Јас сакам или ти да се менуваш во чекор со времето, а во таков ригиден систем не можеш, тогаш да ми дозволиш простор јас да го направам тоа како што јас го замислувам. Не ни се дава тој простор и кога тие актери ќе создадат една таква енергија и го пумпаат тоа расположение на незадоволство и на фрустрација, тоа на крај нормално е дека ќе пукне со одредени протести коишто ќе имаат апокалиптични димензии за нив.

Така што мислам дека најдоброто ќе биде, за да се опстане како традиционална партија, како традиционален систем, вие мора да дозволите тоа да се случува органски пополека. Или ќе дозволите еволуција каде што можеби ќе преживеете на некој маргинализиран, маргинален начин или ќе дозволите револуција. Бидејќи, ако се вратиме на Србија, бидејќи ја спомнавте, во Србија не беше збришан Александар Вучиќ, беа збришани сите партии. Не постои партија сега.

Со три споделувања и една група, генерацијата Z го забрзува политичкиот отпор

Да. Значи се стави под прашање, се преиспита целиот модел на партиски политички плурализам...

Предизвик им беше блефот. Предизвик им беше блефот дека тие некого претставуваат. Се покажа дека не претставуваат. Вие имате изброени избирачи во избирачкиот список колку што има живи луѓе во Србија. Какви седумдесет посто излезност? Тоа беше референдумска, речиси сто посто излезност и вие имате на таа референдумска излезност, со такви бројки, имате како некоја дискрепанца од триесет, четериесет пратеници во Србија. Тоа само на хартија може да постои, во реалност не.

Она што е особено интересно е дека се покажа како сосема погрешна перцепција дека се работи за некое флуидно движење, многу хоризонтално, кое нема некоја структура, освен во последната фаза, но ќе видиме тоа како ќе се развива.

Се покажа дека и во Србија, не знам дали и за Албанија дали може да се повлече истата паралела, дека можеби прашањето на факторот на време имаше своја улога. Две години отприлика поминаа додека не се случи тоа што се случи на 25 октомври, кога беше експлозијата видлива. Кога исходот на изборите покажа што значеа тие две години макотрпно марширање по градовите во Србија, упорното настојување на студентите да издржат покрај сите притисоци.

Па сега не знам дали ме прашувате дали воопшто е тоа хоризонтално или?

Не. Прашувам дали е тоа во стратегијата на тоа движење? Навикнати сме да ако зборуваме за револуција, да се случува нешто бргу, нешто да експлодира сега, бргу да настанат промени.

Овде имаме еден друг пристап. Тевко, полека се разградува системот со тие маршеви…

Oргански, органски се случува. Мислам дека во сите движења, па дури кога настанале партиите политички, во својот зенит нели, пред стотина и кусур години, зборувам кога се оформиле како вакви организации, тоа одело органски.

Самите политички партии настанали вака. Се собрале група луѓе кои што имале одредени заеднички цели и почнале да соработуваат заедно и сфатиле како што соработуваат повеќе заедно, како се обидуваат на вистински начин да решаваат проблеми од огромен обем, коишто засегаат огромен број на луѓе, коишто засегаат огромен број на институции.

И тогаш се појавувале и фракции, се појавувале и различни мислења, различни ставови, меѓутоа со заедничка цел. Дека јас сакам ова да го помрднам од тука до тука. Е сега ти ми требаш да го помрднам одовде тука, ама ти мислиш дека треба да биде телефонот вака. Нормално, тоа се природни разлики. Тоа ќе се случува и тоа е сосема нормално.

Не мора за сѐ да се сложиме. Јас и вие не се сложуваме, па еве разговараме. Така? Сигурно е дека за некои работи имате поразлични ставови од мене. Тоа не значи дека не може да имаме иста цел, дека треба подобро да живееме, дека треба да имам нормално здравство, дека треба да се смени x, y,

Видете, хоризонталата еден мит којшто е добар за да направи, на англиски се вели „а конвенинг форс“, односно да се соберат луѓе на маса, да се разговара, да се отпочне конструктивен разговор и тоа е нужно.

Па дури и тие традиционални партии имаат извршни комитети, локални комитети и така натаму и така натаму, коешто би требало органски да функционира. Но тоа што е сега извугаризирано, па никој него ферма локалниот комитет и извршниот комитет, луѓето коишто се поставени од x, y, фигури во партијата и тоа е нели фингирано да личи на некаков инклузивен процес.

Тоа е друга работа. Значи, они функционираат онака како што по логична следственост на работите како треба да функционира еден колектив. Тоа е сосема природен процес и нема тука некоја виша математика или нешто што не сме го виделе до сега. Ние само се враќаме на фабричките поставки за тоа како треба едно општество да функционира.

Врз што почива општествениот договор? Јас како поединец имам обврска пред државата, ама јас сум се одрекнал и одредени права. Сум се одрекнал, нели, од правото јас да се обезбедувам сам себе. Зошто јас не шетам сега со пушка низ град? Затоа што знам дека има полиција која што мене ме држи безбеден. Зашто знам дека има војска која што се грижи за границите.

Зошто јас не учам да бидам лекар? Затоа што јас плаќам јавно здравство. Не морам јас да одам по планини и да бидам бабица и да собирам тревки. Имам лекар, ме боли, одам, се снимам и кажуваат што е. Ама кога ќе се наруши тој општествен договор, кога јас сум се откажал од тие права да шетам со пушка низ град, кога ти си земал обврска мене да ми дадеш одредени работи…

Движењата без класичен лидер ги ставаат старите политички структури пред нов предизвик

А не се исполнува тоа…

Не се исполнува тоа и кога не ми даваш механизам јас да ти укажам каде грешиш и на кој начин мене ме оштетуваш, а плаќам, притоа бараш од мене да плаќам данок четириесет посто од платата, ми ја зимаш од бруто значи секој месец, извини, тогаш ќе морам да излезам на улица. Си ми  ги одзел сите демократски средства за јас да го искожам својот гнев, па не мора ни гнев, своето објективно несогласување со нешто да го изразам.

Нема проблем. Побиј ме со аргументи дека не сум во право, ама немој да ме правиш будала. И тоа е главната причина зошто ние како генерација веќе не изнесуваме ставови во овој систем.

Дали една од причините поради која не го разбираат веднаш ова движење, овој феномен кој се појави, беше старо старовремски поставената структура на политичкиот систем со политички партии.

Го спомнавте тоа, но зад тоа во генерацијата Зет рековме дека растеше во дигитален свет,на интернет, со социјалните мрежи. Дали комуникацијата внатре во таа генерација, којашто е толку брза и поставена на добри основи го овозможи тоа за таму брзо да се развива, тоа да зрее, да тргне со некоја своја динамика која е различна од динамиката на старите структури, на постоечките структури, да речеме.

Секако дека технологијата забрзува. Тоа е катализатор.

Ја помогна и солидарноста внатре во движењето…

Како не, мислам брзо дефилираа информациите. Значи ќе се соберат десет луѓе таму, па ќе види некој на Инстаграм, па ќе прати на пријателот, па овој ќе шерува, па овој ќе твитне. Тоа  многу помогна во однос на забрзување на процесот.

Мислам дека процесот беше неминовен. Затоа му е тешко на традиционалниот државен апарат да се справи со тоа. Сигурен сум дека имало и порано вакви желби, за некакви порадикални промени, меѓутоа имале контраобвештајни служби, во секоја држава која што многу брзо имала капацитет да се прилагоди на тие нови реалности и начин на кој што би можела да ги решава тие прашања.

Сега веќе тој зарѓан систем стана свој најголем непријател и тие се неспособни да ги следат самите рапидните организации на џен-зи коишто со три шера, со една Фејсбук група, со една What’sUp група со неколку TikTok видеа објаснуваат што се случува, како се случува, каде ќе се случува, на кој начин и зошто.

И сега вие имате некаков контраобвештаец кој што со со педесет и кусур години пишува на тастатура малце поспоро од нив и сега он треба да објасни и да сфати што се случува околу него. Додека он сфати, веќе има сто илјади луѓе на Славија и крај на приказната.

Не е доволно да се смени власта – системот мора да стане отпорен на злоупотреби

Уште една од забелешките кои се упатуваат, а кои доаѓаат од таму што, очигледно, старите структури не ги разбираат доволно движењата, е дека нема лидери во тоа движење, нема некој на кој ќе се упати противничката комуникација. Колку тоа беше предност и дали тоа беше така организирано?

Не би знаел. Тоа би требало нели некој кој што кој што многу внимателно ја следел Србија да го објасни…

Не само за Србија, во принцип за тој тип на организирање зборувам…

Сѐ уште нема доволно сличен пример. На пример и во Непал имаше една слична организација каде што они си избраа влада преку Дискорд. Тоа беше за мене еден фасцинантен начин. На Дискорд да се соберат икс луѓе коишто се од џен-зи и они си прават влада на Дискорд. Секој гејмер знае колку е хаотичен Дискорд и за што се користи, меѓутоа тоа беше фасцинатно. Хоризонталните принципи не се новини, тоа не го измислија тие луѓе, него едноставно само го забрзаа со помош на технологијата. Ако некогаш ти требал ти да викнеш икс луѓе во Александар Палас, па да собереш ипсилон луѓе на еден плоштад, па сега ние ќе разговараме… Сега треба само да кликнеш.

Ти веќе имаш директна демократија. Хоризонталниот принцип функционира. За државите многу потешко да најдат еден лидер. Меѓутоа, исто така тие системи овозможуваат и растеретуваат сѐ да биде хиерархиски и пирамидално срочено.

Значи има еден човек кој што одлучува и тој да се следи. Ова овозможува канализирање на повеќе гласови во еден во еден момент и еден микро лакмус тест за тоа дали поминува или не поминува. И мислам дека тоа е она што им прави потешкотии на традиционалните структури да се справат со тоа.

Значи, кој е сега тука? Па дали се овие? Не, не се овие, па ова е.

Меѓутоа, да не се лажеме, секогаш ќе има луѓе коишто се идеолози, односно луѓе коишто ќе допринесуваат и ќе ги поднесуваат тие предлози и тие сами ќе се профилираат како своевидни, не во традиционална смисла лидери, меѓутоа своевидни луѓе коишто инспирираат консензус.

Не е тоа лидер „сега јас ќе водам, па сега вие нема што да прашувате“. Не, јас сум човекот кој што ќе инспирира консензус за тоа како ќе одиме понатаму. Тоа е еден нов модел на водење на работите.

Европа не е адреса на која се оди, туку стандарди што се градат дома

Добро, очигледно ќе треба да го разбереме тој модел. Јас сега во името на постарата или повозрасната генерација.

Да се вратиме на Србија како пример ќе ја земеме. Ќе си тераат во Србија така како што знаат, но таму кога се случи 25 октомври, кога се видоа резултатите, се постави прашањето што сега? Таа студентска организација и тој модел, којшто направи пресврт во Србија, сега треба да влезе во институциите.

Институциите се такви како што се. Не може преку ноќ да ги промените. Што ќе значи тоа сега тоа влегување во институциите? Како во еден таков систем ќе го сочува интегритетот едно такво движење, студентското движење, хоризонталното движење, кога ќе мора да влезе во институциите?

Тоа е прашање за милион долари. Тоа допрва ќе треба да видиме. Мислам дека тука веќе ќе почнат да се филтрираат различните идеолошки разлики и различните пристапи кон решавање на проблемите, суштинските несогласувања и така натаму, меѓутоа на здрав начин.

Но, со оглед на проблемите коишто мора да се решаваат, зборувам за една состојба каде што вие имате речиси заробена држава, мислам дека здраво се наредени приоритетите. Значи еден малце порастеретен медиумски простор, еден финансиски капитал којшто ќе може малце по флуидно да тече.

Институциии коишто ќе бидат растеретена од поединечно решавање на проблемите, односно од еден поединец, каде што ќе може малку попроцес ориентирано да биде сега, а не врз основа на волјата на еден човек, или на една клика на луѓе.

Сега тоа дали ќе биде, дали ќе остане хоризонтална – се сомневам во тоа. Меѓутоа и не мора да значи. Млад човек не нужно значи најдобро решение. Тоа факт. Не велам јас сега дека треба сите луѓе коишто се над одредена возраст, дека немаат никаква улога. Далеку од тоа.

Но, она што е многу битно, е да се почитува волјата и самата исконска желба којашто го потикна сето ова. Тоа е за подобар живот. И сега што ќе значи тоа и како ќе изгледа тоа? Тоа е нешто за што допрва треба да се разговара, но растеретувањето на системот за да се постави тоа прашање, мислам дека тоа е приоритет.

Тоа е приоритет да се растерети еден систем каде што стварно ќе може секој да каже што му треба и на кој начин му треба и како тоа би требало да изгледа. А за контурите на тоа како би изгледало тоа е нели прашање за понатаму. Мислам дека тоа секвенцијално ќе оди.

„Поголем протест од тоа има ли?“: апатијата и неизлезноста се порака до политичарите

Да, тоа е прашање за понатаму, ама тоа понатаму временски не е многу долго. Затоа што, знаете како, кога ќе направите еден таков пресврт и кога ќе се разбудите наредниот ден, вие сфаќате дека треба ќе формирате влада и потоа треба да влезете во институциите и тоа треба да функционира.

Добро звучи тоа сободни медиуми, слободен проток на финансискиот капитал и на финансиските движења и така натаму, ама тие се сè уште во рацете на структурите, претходните структури и кој знае уште колку ќе останат таму.

Голем дел од медиумите, голем дел од олигарсите кои ги држат големите компании или финансиски текови се во рацете на старите структури. Како ќе се промени сето тоа? Што е следниот чекор?

Јас секогаш кога се начнува оваа тема, велам Рим не бил изграден за еден ден. Па зошто би бил Белград? Тоа е. Тоа е единственото логично решение и логично гледање на работите. Значи не можете вие ситуација каде што петнаесет години имате неприкосновени политички актери, да очекувате дека во дваесет и четири часа дека ќе се реши тоа.

Тоа не се случува. Но, чекори коишто ќе прават амбиент, да. Секоја револуција е шок. Секоја револуција е шок за системот. Ние тоа сме го имале. Не треба да се правиме дека сме паднале на Марс. Пред десет години ние го осетивме тоа. Секоја револуција е шок и тоа ја истошува целата нација и изморувачки фрустрирачки ствара стрес и замор. Тоа е нормално, но подеднакво е битно да не се брза со тие работи.

Да не се брзаше, „нема правда, нема мир“, ќе правиме вакво обвинителство… Ако правиш ти пополека и ако ти разбереш дека тоа се градело со години, дека тоа ќе треба да се демонтира исто така со години и да не го гледаш тоа низ призма на одмаздољубие. Зашто ние на Балканот имаме некоја таква навика дека ете сега ти си згрешил и ти за тоа треба да бидеш нели јавно покажан дека си згрешил и дека ние треба со твојата грешка поставиме пример дека тоа нема да се случи…

Не, ти треба да обезбедиш систем којшто ќе биде отпорен на таа грешка. Тоа е вистинската поука. Ти не треба да го напаѓаш човекот којшто ја направил грешката. Човекот кој што го направил тоа е симптомот.

Ако ти си направил систем кој што овозможува такво нешто ти гледаш дека е поставен човек и тој човек поставил уште десет свои луѓе… Чекај, ајде да направиме еден систем кајшто тоа нема да биде возможно. Мислам дека тоа е клучната поука и таму треба биде фокусот.

Далеку од тоа дека јас кажувам како треба се води државата, меѓутоа мислам дека тука ќе биде предизвикот. А сега дали ќе биде за година, дали ќе биде за три, дали ќе биде за пет, не знам. Но исто така е битно дека секој којшто ќе се нафати на функција, сега гледа колку брзо се профилира незадоволство и колку брзо се мобилизира и организира сè.

Дополнително, мислам дека, во најмала рака, ние може да имаме контра ефект каде што ќе имате толку голем плурализам да едноставно нема да можете да се договорите за ништо, а мислам дека толку централизирана волја многу тешко дека ќе опстане во било каков политички амбиент.

„Јас мислев дека прагот е Кочани, но очигледно не е“: каде завршува трпението на граѓаните?

Неколку пати рефериравте на некои ситуации во Македонија. Не сакам на сила да ја наметнувам темата зошто во Македонија нема бум, зошто генерацијата Зет молчи и така натаму, но, еве ајде да видиме дали има некој природен амбиент да се артикулира, да се појави некое движење. Имаше пред одредено време едно големо истражување на Балканот  за генерацијата Зет, и таму едно од прашањата кое за генерацијата Зет беше проблематично,  беше членството во Европската унија на земјите од Западен Балкан. Тие, колку што се сеќавам на анкетата, велат да, ние сме за членство во Европската унија, но мора да се преиспитаат начините и мора да бидеме спремни за да влеземе во Европската унија.

Кога велиме дека кога велат дека земјата треба да биде спремна за да влезе во Европската унија, тоа значи пак се враќаме на домашен терен: Да се средат институциите, да се победи, да се совлада корупцијата...

Не влегување. Никој не влегува во Европа, не постои тоа. Не влегуваме, нема да се транспонтираме ние во Берлин. Тоа е една една катастрофална политичка формулација на една генерација на политичари која што толку потфрлила и толку го предала својот народ.

Од аспект на ментален склоп, да ние од тоа треба се лечиме. Никој нема да влезе никаде. Ние не влегуваме никаде. Ние носиме нешто тука и тоа е проблемот на перцепција и призмата низ која што треба се гледаат работите. Значи, ако сакаш ти да бидеш дел од Европската унија, ти кога ќе влезеш во твојата институција, таа треба да личи на Европска унија.

Потценување е за мене е дека јас тоа го правам поради Брисел. Што знае тој Брисел повеќе од мене и од моите врсници? Што е он подобар? Да не има два мозга, четири очи и пет уши? Што е работата? Не човек како јас, човек. Само што он станува на време и он кога ќе отиде на автобуската станица, ако му касни автобусот пет минути, он прашува зошто. А мене ако не ми дојде автобусот јас викам океј. Тоа е разликата.

Значи поентата е дека ти треба да сакаш да живееш достоинствено, нормално, како човек во дваесет и првиот век кој што живее во развиена држава. Крај. Најдобар начин да го постигнеш тоа, механизам кој што некои многу попаметни од нас го направиле после Втората светска војна, се вика Европска унија. Не затоа што Брисел мене ми кажал дека јас треба да живеам во Европска унија или дека јас сум европеец. Не, јас сум горд Балканец. Крај на приказната.

Ама тоа не подразбира дека јас сум некаков дивјак кој што прифаќа нешто под тоа.  Трансформативната моќ на Европската унија е дека веќе ти имаш модел како тоа да го направиш дома, а тоа што не го правиш дома е апсолутно твоја одговорност. Ничија друга, ничија друга. И не може Брисел да го реши тоа за тебе.

И тоа е најголемата задача за Gen Z, да не го прави тоа поради Брисел, туку ти да, не да не бидеш насилник во школо. Не затоа што Брисел ти вика, туку затоа што си добар човек. Да бидеш одговорен за својата работа, не затоа што Брисел ти вика така, туку затоа што си врвен професионалец.

Да не ја загадуваш својата околина, да не фрлаш ѓубре затоа што тука живееш, не затоа што сакаш да бидеш европеец. Сосема едноставни работи кои што се когнитивен шифт кој што мора да се случи ако сакаме да опстанеме демографски. Тоа е тоа.

Ако одговорноста за тоа зошто не сме ја направиле Македонија да биде Европска унија сега им припаѓа на политичарите.

Дали тоа може да биде агрегатот кој ќе ја поттикне генерацијата Z да го изрази тоа незадоволство на некој начин на улиците, со кампањи, на начин на кој тие мислат дека е најдобро.

Тоа веќе го изразува. Видете ја изборната излезност на последните локални избори. Имате четириесет кома нула три или нула четири излезност со педесет илјади, со над педесет илјади неважечки ливчиња.

Која излезност е тоа? Кој излегол на избори? Кој тука правел нешто, зборувал, гласал? Поголем протест од тоа има ли? Нема поголем протест. Тоа е. Тоа е буквално викање. Не играм. Што и да зборите вие, ова нема врска со ова.

Како може да имате вие систем кога имате повеќе пензионери отколку вработени? Како? Не можете вие на вересија да исплаќате плати. Не иде тоа така.

Да, ама тоа не носи промена. Не носи промена. Промените во Србија ги донесоа улиците...

Да, ги донесе улиците. Меѓутоа Македонија исто така е малку изморена, затоа што Македонија помина низ тоа во 2016 и таа енергијата на едно општество не е неисцрпна. Тоа е кога некој вас ќе ве предаде и ќе ве измами како што беше измамена Шарената револуција, со тоа што и да беше помеѓу 2016 и 2024, сега луѓето поскептично гледаат на работите. Јас сум бил дел од тоа. Јас не кријам добро, меѓутоа кога ќе се случи такво нешто, луѓето се многу повнимателни, што е зрела работа, повнимателни во однос на тоа како и на кој начин тие ќе поверуваат во нешто дека тоа е стварно добро и дека на еден органски начин ќе остане исконски, бидејќи Шарената револуција на еден начин беше киднапирана многу на многу вулгарен начин.

За Македонија не е сѐ изгубено, иако оваа генерација Зет е толку напатена, на под е и ја шутираат зошто вие не излезете?! Па како не излегле кога миленијалците и Gen X и дел дури и од тие што се на граница од Gen Z беа на улиците во 2016.

Мене малце песимистички ми звучи. Тоа ми беше и последното прашање кое сакав да го поставам. Што ќе се случи понатаму? Кои се ризиците на оваа генерација сега? Дали заморот од тие некои претходни неуспеси се такви за до толку влијаат на апатијата на таа генерација?  Зборуваме за Македонија.

Кога вие имате една ситуација како во Гостивар, кога на вас од чешма ќе ви излезат фекалии, а вие имате дома дете, вие сте млад пар и имате бебче дома и вие земате со таа вода да му го миете шишето на бебчето и го давате тоа шише на бебчето и некој ви вели извинете, меа кулпа, имате фекалии во водата и вие бебето го бањате со таа вода и кога тоа не предизвикува поттик за вие да отидете пред општина и да искажете некој револти, да кажете „не може ова вака веќе“, тогаш јас стварно немам одговор. Јас не сум сезнајко. Едноставно треба да имаш еден праг на достоинство и да кажеш „ова вака не може“. Значи не е прашање на твојата партија, на твојот глас, значи не може вака, тоа не може вака. И сега јас не знам каде е тој праг. Јас мислев дека е Кочани, ама очигледно не е. Јас мислев дека е Гостивар, ама очигледно не е. Некаде е, некаде е, ама не знам каде.

Едноставно треба да имаш еден праг на достоинство и да кажеш „ова вака не може“

Дали партиите до толку ги имаат окупирано граѓаните, вклучително и таа генерација?

Не знам. Не знам. Не знам. Не знам. Не знам. Меѓутоа мислам дека има многу изморени луѓе. Е сега прашање е на кој начин ќе може тој умор да биде надминат. Меѓутоа, пак велам дека тие револуции, излегување на улиците, тоа е многу болен начин.

Има и подобри и побезболни начини како да се надмине тоа. Затоа мислам дека не адресата џен зи. Адресата е традиционалниот политички концепт кој што има две опции. Или ќе чекаш да дојде тој момент, дали е во Париз едно, во Лондон друго, во Белград трето, во Лисабон четврто, па во Скопје ќе биде нешто петто.

Меѓутоа тоа ќе се случи. Ќе дојде некој катарзичен момент. Меѓутоа, кога ќе дојде до тој момент, после вие имате еден општествен судир кој што пак ќе ги подели луѓето на вакви и такви и на бивши и на сегашни и на идни, на овакви, на шарени, на зелени…

Да не дојде до тоа, би било убаво луѓе да сфатат дека едноставно не може да има ваква играње понатаму, дека светот е премногу непредвидлив за ние да си играме држава, дека државноста не е нешто што некој ви го должи, дека не можете вие на вересија да функционирате како државен апарат, дека тоа бара економска одржливост, дека тоа бара демографска одржливост.

Како може да имате вие систем кога имате повеќе пензионери отколку вработени? Како? Не можете вие на вересија да исплаќате плати. Не иде тоа така. И сѐ додека не сфатат традиционалните политички актери дека едноставно можеби ги немаат сите одговори и дека едноставно ќе мора на поекспертски начин да пристапуваат на работите, тогаш мислам дека ќе дојде некој катарзичен момент каде што некој едноставно ќе каже: Во ред, толку од вас. Ајде сега поинаку.

Ама кога ќе дојде тој момент, пак ќе речам, тоа е многу конфликтна општествена состојба и многу голем општествен терет за рекуперација.

Да, и очигледно е дека нема универзален модел кој ќе се примени. Секоја средина, секоја држава си носи некои свои карактеристики. Веројатно од таму, од тоа треба да произлезе и автентичниот бунт и промени во општеството.

Јас пак ќе кажам, оваа апатија е здрава. Луѓето веќе се во тој прв стадиум кој што викаат јас не играм, не гласам. Што ти има тебе? Сега јас ќе изгаснам ТВ, ти ми носиш некој таму каратист и јас сега треба да го гласам него.

Не, не, толку. Мислам дека никој од нас повеќе не е спремен да го прави.

Добро. Многу благодарам за разговорот. Лоциравме многу одговори на многу прашања. Тоа беше ова издание на „Имаме неколку прашања за вас“.Ви благодарам на вниманието. Ако не сте не следеле досега, сега е време да не заследите и да останете на каналот на Јутуб и понатаму, затоа што ќе следуваат и нови содржини.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?