Со 10.000 денари неделно и за храна и за сметки, ограничени плаќањата на клиентите на Алта банка

ФОТО: 4News.mk

Клиентите на Алта банка АД Битола ќе имаат на располагање до 10.000 денари неделно преку платежните картички. Во овој износ треба да се вклопат подигнувањето готовина, купувањето храна и другите производи, како и плаќањето режиски трошоци и сметки преку картичките.

Ограничувањето е за вкупното неделно користење на средствата преку картичките, а не само за парите подигнати од банкомат. Секое купување или плаќање сметка со картичка го намалува преостанатиот расположлив износ од 10.000 денари.

Мерката ја соопшти гувернерот Трајко Славески, откако Народната банка денеска воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола. Управувањето го преземаат лица назначени од централната банка.

На доминантниот акционер, Алта банка од Белград, му се одземаат гласачките права, но ги задржува акциите во македонската банка. Со тоа го задржува сопственичкиот удел, но нема да може преку него да гласа на акционерското собрание.

Според соопштените мерки, интерните плаќања меѓу сметките на физичките и правните лица во самата банка ќе продолжат без ограничување на износот.

Одлуките следуваат по одземањето на дозволата за работа на Алта банка во Србија. Славески уверува дека банката во Битола е ликвидна и високо капитализирана, а мерките се привремени и се преземаат за заштита на нејзиниот имот и интересите на штедачите.

Клиентите што имаат кредити во банката треба да продолжат редовно да ги плаќаат ратите.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?