Сиљановска-Давкова стави вето за јавните набавки поради спорните мандати

Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова стави вето за јавните набавки, одбивајќи да го потпише указот за законските измени што Собранието ги усвои минатиот месец, објави „Призма“. Спорна е одредбата што, според неа, остава простор за неограничен реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Законот се враќа пред пратениците на повторно разгледување.

Во средиштето на забелешките е членот 13. Тој предвидува петгодишен мандат „со право на повторно именување“, наместо досегашната формулација „со право на уште еден избор“. Според образложението на претседателката, кое го пренесува „Призма“, старата одредба јасно го ограничувала останувањето на функцијата на вкупно десет години, додека новата дозволува различни толкувања.

Сиљановска-Давкова предупредува дека можноста за неограничени мандати создава ризик од концентрирање моќ кај мал број луѓе што одлучуваат за постапки поврзани со трошењето големи износи државни пари. Во образложението таа се повикува и на претходни сомнежи и обвинувања за начинот на работа на комисијата.

На истата опасност претходно укажа и Центарот за граѓански комуникации. Организацијата предупреди дека ограничувањето на мандатите кај независните регулаторни институции служи за намалување на политичките и институционалните влијанија, зависноста и ризиците од коруптивни практики.

Забелешките за составот на комисијата се дел од пошироката расправа за контролата врз јавните набавки. Во септемвриската анализа на предложените измени, „Призма“ објави дека се предвидува зголемување на годишниот лимит за набавки без обврска за тендер од 12.000 на 25.000 евра по институција. Предлогот содржел и зголемување на надоместоците за жалби од досегашните 50 до 200 евра на 150 до 600 евра, зависно од постапката.

Центарот за граѓански комуникации оцени дека поскапувањето на жалбите може да ги обесхрабри фирмите, особено помалите, да пријавуваат неправилности. Организацијата побара јавни консултации и антикорупциска проверка на предложените решенија.

Бирото за јавни набавки, пак, ги претстави усвоените измени како модернизација на системот и усогласување со европските реформски обврски. Во соопштението од 27 октомври ги истакна дигитализацијата, поголемата конкуренција и задолжителното оценување на најдобриот сооднос меѓу цената и квалитетот при изборот на понудите. Зголемувањето на вредносните прагови го поврза со економските услови и растот на трошоците.

По ветото следува повторно собраниско разгледување. Според членот 75 од Уставот, ако пратениците повторно го усвојат законот со мнозинство од вкупниот број пратеници, односно со најмалку 61 глас, претседателката е должна да го потпише указот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Случајот бара оставка, а не само објаснување 578 (55%)
55 %
Требаше навреме да ја преиспита дозволата на банката, а не да реагира по скандалот во Србија 279 (26%)
26 %
Со преземените мерки ги заштити граѓаните 129 (12%)
12 %
Виновни се сопствениците и раководството на банката 73 (7%)
7 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Случајот бара оставка, а не само објаснување 578 (55%)
55 %
Требаше навреме да ја преиспита дозволата на банката, а не да реагира по скандалот во Србија 279 (26%)
26 %
Со преземените мерки ги заштити граѓаните 129 (12%)
12 %
Виновни се сопствениците и раководството на банката 73 (7%)
7 %