Димче Арсовски на чело на МКЦ, Бени Шаќири заминува во кабинетот на Ѓорѓиевски

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, е нов директор на Младинскиот културен центар во Скопје. Тој ја презема функцијата од Бени Шаќири, кој соопшти дека поднел неотповиклива оставка од лични причини.

Шаќири останува ангажиран во градската администрација, како советник за култура во кабинетот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според неговата објава на Фејсбук, новиот ангажман е на предлог на градоначалникот, а преку него ќе се обиде да придонесе за развојот на културата во Скопје.

„Поднесов неотповиклива оставка до градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од лични причини“, напиша Шаќири.

На својот наследник му посака успешна работа и трпение во справувањето со тешкотиите со кои се соочува културата. Воедно, објави и заедничка фотографија со Арсовски од примопредавањето на функцијата.

Шаќири раководеше со МКЦ од јануари 2024 година, кога беше назначен од тогашната градоначалничка Данела Арсовска. Новиот директор Арсовски беше портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2018 до 2021 година.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?