Во ноември во МНТ премиера на „Црно злато“ на Дуковски и Унковски

На 27 ноември во 20 часот во Македонскиот народен театар, премиерно ќе биде изведена претставата „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски и во режија на Слободан Унковски.

Претпремиерата е закажана еден ден претходно, на 26 ноември.

Актерската екипа ја сочинуваат Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.

За сценографијата е задолжен Бранко Хојник, костимограф е Александар Ношпал, а музиката е на Златко Ориѓански. Во авторскиот тим се и Звездана Ангеловска како асистентка на режисерот, Мартин Манев како асистент на сценографот и Никола Булески како асистент на костимографот.

Текстот на Дуковски ја имаше својата праизведба во март годинава во Београдско драмско позориште, во режија на Оливер Фрљиќ. Скопската публика сега ќе ја види неговата поставка во режија на Унковски.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Полицијата (не реагира доволно брзо) 290 (29%)
29 %
Обвинителството и судовите (бавно постапуваат со ниски казни) 290 (29%)
29 %
Парламентарното мнозинство (не гласаат законски измени за построга регулатива) 197 (19%)
19 %
⁠МОН (не дозволува сеопфатно сексуално образование) 141 (14%)
14 %
⁠Владата и премиерот (не ја третираат темата како кризна) 95 (9%)
9 %

Најчитано