ЛДП до Мицкоски: Доста со лажно жалење и префрлање топката, предложи подолги рокови за застарување во КЗ

ЛДП

Либерално-демократската партија го повика премиерот Христијан Мицкоски Владата итно да предложи измени на Кривичниот законик за зголемување на роковите за застарување на кривичните дела со кои се оштетува буџетот. Од партијата најавуваат поддршка за такво решение во Собранието.

Во реакцијата, ЛДП го обвинува премиерот дека одговорноста за состојбите во правосудството ја префрла исклучиво врз судиите и Врховниот суд, иако Владата и парламентарното мнозинство имаат можност да предложат и да донесат законски измени.

„Имате моќ, имате институции, ја имате и нашата поддршка на располагање – изменете го Кривичниот законик веднаш“, порачаа од ЛДП.

Според партијата, барањето за подолги рокови на застарување за делата што го оштетуваат буџетот го застапуваат веќе пет години. Предлагаат Владата да го усвои предлогот и да го достави до Собранието по скратена постапка.

Од ЛДП тврдат дека актуелното мнозинство двапати гласало за измени на Кривичниот законик без интервенции во овој дел. Тоа, според нив, покажува недостиг од политичка волја за решавање на проблемот со неказнивоста.

Партијата бара најавите за одговорност да бидат проследени со конкретни законски предлози, наместо, како што оценуваат, со јавни изјави и меѓусебно префрлање на вината.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?