Голема полициска акција во Приштина: Уапсен поранешен министер во „бизнис“ со дрога

Приштина

Во Приштина, косовската полиција уапси шест члена на организирана група осомничена за трговија со дрога, а меѓу уапсените беше и поранешниот министер за култура на Косово Астрит Хараќија.

Запленети се околу 1,6 килограми кокаин, луксузни автомобили, готовина и други вредни предмети, а вкупната вредност на дрогата и конфискуваниот имот е околу 301 илјада евра, објави косовската полиција. Во соопштението се наведува дека операцијата е резултат на долгогодишна истрага и дека групата чии членови се уапсени имала организирана структура и дефинирана хиерархија, од луѓето на врвот до дилерите на дрога на улица.

Претреси се извршени на неколку локации, каде што се уапсени шест осомничени, а едно лице ќе биде гонето по редовна постапка. Покрај кокаинот, запленети се и марихуана, таблети екстази и неидентификувани супстанции, како и околу 16.000 евра готовина во различни валути. Запленети се шест луксузни автомобили, заедно со луксузни часовници, накит, телефони, електронски уреди и опрема за надзор.

При претресот, пронајдени се и огнено оружје, муниција, ножеви, дигитални ваги и опрема за пакување наркотични супстанции.

Се проценува дека уличната вредност на конфискуваниот кокаин би можела да биде околу 111.000 евра. Уапсените се задржани до 48 часа. Информацијата за апсењето на Хараќи, кој беше министер за култура од 2004 до 2007 година во владата на привремени установи предводена од Рамуш Харадинај, ја потврди и адвокатот на Хараќи, пренесува Коха.

Во 2012 година, Хараќи беше заменик-министер за финансии во владата на Косово предводена од Хашим Тачи.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?