Хуанг: Подготвен сум да се вратам во Нвидија

Нвидија
Фото: Anderseidesvik, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Јенсен Хуанг, коосновач и до неодамна извршен директор на американскиот технолошки гигант „Нвидија“, изјави дека е подготвен да се врати на чело на компанијата доколку одборот го покани. Хуанг го имаше своето прво јавно појавување откако поднесе оставка минатиот четврток, поради скандал поврзан со вонбрачни афери, вклучително и врска со жена за која се сомнева дека соработувала со кинеската разузнавачка служба, објави „Волстрит џурнал“.

„Откако си заминав, добив голем број повици од вработени во Nvidia, инвеститори, деловни партнери и клиенти кои сакаат да се вратам на позицијата извршен директор“, изјави Хуанг денес.

„Доколку одборот на директори одлучи дека моето враќање е во најдобар интерес на нашите акционери, вработени, компанијата и Америка, би ми било чест да ги прифатам тие покани и да се вратам на позицијата извршен директор“, додаде тој.

Оставка поради врска со жена осомничена за шпионажа

Хуанг поднесе оставка на 12 ноември по откритието за две вонбрачни афери. Едната беше со вработена во „Нвидија“, а другата со Алис Хуанг, бизнисменка поврзана со индустријата за центри за податоци во Сингапур, за која американските власти се сомневаат дека соработува со кинеската разузнавачка служба.

Скандалот покрена прашања за можен пристап до класифицирани информации и американската технологија што е предмет на ограничувања за извоз во Кина.

„Нвидија“ претходно изјави дека нема причина да верува дека нејзините трговски тајни или националната безбедност на САД биле компромитирани. Сепак, компанијата денес објави создавање на посебен комитет за надгледување на прашањата за национална безбедност, усогласеноста со ограничувањата за извоз и ризиците поврзани со меѓународната трговија.

Трамп ја поддржа можноста за негово враќање

Заминувањето на Хуанг предизвика силни реакции во Силиконската долина. Некои вработени, инвеститори и водечки технолошки претприемачи веруваат дека неговото заминување би можело сериозно да ѝ наштети на „Нвидија“, компанија која игра клучна улога во глобалниот развој на вештачката интелигенција.

Меѓу оние кои се залагаат за неговото враќање се Илон Маск и голем број истакнати технолошки претприемачи.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, коментираше за можноста за враќање на Хуанг.

„Секако не би ми пречело тоа“, им рече Трамп на новинарите во понеделник, додавајќи дека верува оти Хуанг „научил голема лекција“.

Трамп претходно ги минимизираше загриженостите за потенцијалните последици од врската на Хуанг со наводен соработник на кинеската разузнавачка служба.

Управниот одбор засега не размислува за негово враќање.

И покрај притисокот, одборот на директори на „Нвидија“ во моментов не го разгледува враќањето на Хуанг на позицијата извршен директор, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на лице запознаено со ставот на одборот.

Во меѓувреме, пред одборот на директори се обрати и Надер Калил, директор за развојни технологии во „Нвидија“, кој верува дека компанијата не може успешно да ги помине следните неколку години без водството на Хуанг.

Според него, целиот напреден компјутерски екосистем и пазарот на вештачка интелигенција во голема мера зависат од визијата на Хуанг.

„Nvidia еден ден ќе може да најде наследник, но не можеме да ја направиме таа транзиција невнимателно“, напиша Халил во писмо до претседателот на одборот Харви Џонс.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?