СДСМ: Мицкоски и Кочоска ќе ја задолжат државата две милијарди евра, на народот ќе му останат каматите

СДСМ

Опозициската СДСМ обвинува дека Владата планира во 2027 година да се задолжи за нови две милијарди евра, оценувајќи дека во предложениот буџет нема доволно средства за зголемување на платите и поддршка на граѓаните.

Од партијата велат дека образложението за планираното задолжување, според кое значителен дел од средствата ќе бидат потребни за враќање на постојни долгови, не се совпаѓа со износот предвиден во Предлог-буџетот за 2027 година.

СДСМ наведува дека во предлог-буџетот за отплата на долг се предвидени 64,6 милијарди денари, односно околу една милијарда евра. Врз основа на оваа бројка, опозицијата ја оспорува аргументацијата на Владата за потребата од задолжување од две милијарди евра.

Партијата тврди дека со досегашните задолжувања Владата предводена од Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го зголемила државниот долг за четири милијарди евра. СДСМ оценува дека новото планирано задолжување дополнително ќе го оптовари јавниот долг и ќе создаде обврски за идните буџети.

Во соопштението, опозициската партија ја поврзува најавата за нови долгови со економската состојба на граѓаните. Според СДСМ, растот на трошоците за живот и стагнацијата на платите го влошуваат животниот стандард, а најавените поскапувања на парното и електричната енергија во 2027 година би значеле дополнителен притисок врз семејните буџети.

Од партијата обвинуваат дека, додека се планира ново задолжување, нема доволно средства за зголемување на минималната плата на 600 евра, повисок студентски оброк и поголема поддршка за земјоделците.

СДСМ ја обвини Владата дека товарот од задолжувањето и каматите ќе го понесат граѓаните, а средствата од буџетот не се распределуваат во нивен интерес.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Политичките пиромани – партии и лидери што палат поделби за поени 140 (54%)
54 %
Заспаните чувари на правдата – судови и обвинителство без казни за омраза 47 (18%)
18 %
Нашето опркужување – граѓаните со лајкување, сеир и молчење 35 (14%)
14 %
Трговците со кликови – медиуми и инфлуенсери што шират гнев 20 (8%)
8 %
Дигиталните војски – оние што диригираат со ботовите 15 (6%)
6 %

Најчитано