Белорусија, Кипар, Фарските Острови или Естонија ќе ѝ бидат противник на Македонија во баражот за опстанок во Лига Б од Лигата на нации.
Ждрепката ќе се одржи во петок, 20 ноември, во Нион, со почеток во 12 часот. Четирите потенцијални противници завршија на второто место во своите групи во Лига Ц.
Македонија ќе биде меѓу носителите како репрезентација од повисоката лига. Тоа значи дека првиот натпревар ќе го игра на гостински терен, а реваншот пред домашната публика.
Баражот се решава во двомеч: победникот според вкупниот резултат ќе настапува во Лига Б во следното издание, а поразениот во Лига Ц.
Натпреварите се предвидени за март 2027 година. Првите средби ќе се играат на 25 или 27 март, додека реваншите се закажани за 28 или 30 март. Точниот распоред за македонската селекција ќе биде познат по извлекувањето.
Македонија ја заврши групната фаза на последното место во групата Б1, без освоен бод. Швајцарија со 16 бода обезбеди пласман во Лига А, Словенија со 11 ќе игра бараж за повисок ранг, а Шкотска со седум бода го задржа местото во Лига Б

