Невреме во Србија, „Ер Србија“ предупредува на можни доцнења на летовите

Невреме во Србија го отежна сообраќајот во Белград, а „Ер Србија“ предупреди дека на денес попладне и навечер се можни доцнења на летовите. Лошите временски услови влијаат и врз работата на аеродромот „Никола Тесла“, каде што може да има застој при качувањето и симнувањето на патниците, како и при подигањето на багажот.

Српскиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за поројни врнежи и грмежи, со можност во делови од Белград да наврнат повеќе од 30 литри дожд на квадратен метар за 12 часа. Обилниот дожд поплави делови од повеќе градски улици и го забави патниот сообраќај.

Во известувањето „Ер Србија“ не наведе кои конкретни летови би можеле да доцнат. Патниците можат да го проверат својот лет преку официјалниот распоред на белградскиот аеродром или да се јават во контакт-центарот на авиокомпанијата на +381 11 311 21 23 од Македонија и од други земји, односно на 0800 111 528 од Србија.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?