Силен руски напад со балистички ракети врз мостови во Киев, три жртви

Киев

Најмалку три лица загинаа во руски напад со балистички ракети врз три моста над реката Днепар во Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Според Ројтерс, ова е најмоќниот напад врз патиштата што ги поврзуваат левиот и десниот брег на главниот град на Украина од почетокот на војната.

Ракети го погодија преминот Подилско-Воскресенски, како и мостовите Дарнички и Јужен мост, напиша Кличко на Телеграм.

Тој потврди дека три лица се убиени, а околу 15 се повредени.

Службениците, исто така, соопштија дека пет лица се повредени во напад со беспилотни летала врз станбени згради во регионот Дњепропетровск и дека четири лица се ранети во Харков, вториот по големина град во Украина, кога руски беспилотни летала погодија болница.

Едно лице е рането во напад со беспилотни летала врз трамвај во Запорожје, објавија локалните власти на Телеграм.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?