Заштита за жените и одговорност: Охрид денеска излегува на протест

Барања за навремена заштита на жените и одговорност од институциите ќе бидат упатени на денешниот протест во Охрид против фемицидите, родово базираното и семејното насилство.

Граѓаните се повикани да се соберат денеска, 21 ноември, во 12 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“. Протестот е најавен во периодот од 12 до 14 часот.

Протест во Охрид

Организаторите повикуваат на солидарност со жените што преживеале насилство и со оние што живеат во страв. Бараат пријавите да се третираат сериозно и надлежните да постапуваат навреме.

Повод е и неодамнешниот случај на насилство во градот. Во повикот се нагласува потребата од темелно и независно испитување на отворените прашања за институционалното постапување.

Продолжуваат граѓанските барања

Денешниот собир следува по вчерашната блокада пред Владата во Скопје, организирана од иницијативата „Ниту една повеќе“.

На блокадата беа побарани подобра координација меѓу полицијата, социјалните служби и правосудството, законски измени и средства за услуги за заштита на жртвите. Иницијативата најави и протест на 25 ноември, кој ќе започне во паркот „Жена борец“.

За денешниот протест во Охрид е најавено движење од градскиот плоштад до СВР Охрид. Собирот е граѓански и мирен, а организаторите повикуваат на учество без партиска пропаганда и со почит кон достоинството на жртвите.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?