Тело на маж утрово било пронајдено во близина на надвозник кај скопското село Смилковци. Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 6:15 часот, потврди Министерството за внатрешни работи.
На местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт. Во постапувањето е вклучен и јавен обвинител, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според неофицијалните информации, станува збор за 38-годишен жител на скопскиот регион, чие тело било пронајдено во близина на неговиот автомобил.
Во меѓувреме, Телма објави, повикувајќи се на истражните органи, дека на телото имало прострелна рана и дека полицијата го истражува случајот како убиство. Во првичните информации од МВР не се наведени дополнителни детали за причината за смртта или за евентуални осомничени.
