Вечерва на МОТ: „Локомотива“ со две перформативни дела

МОТ

Вечерва, 23 ноември (понеделник), со почеток во 20 часот, во салата „25 Мај“ во МКЦ, „Локомотива“ на МОТ ќе се претстави со две перформативни дела – „Надевај се на најдоброто – подготви се за најлошото“ и „Мочуришна драма (AT)“, во авторство на Викторија Илиоска и Марија Хубер.

„Надевај се на најдоброто – подготви се за најлошото“ е кореографски истражувачки проект кој на перформансот му пристапува како на подготовка за иднината во која веќе живееме. Преку телото, движењето и колективното искуство, делото ги истражува економската, политичката и еколошката нестабилност како секојдневна состојба. Во фокусот е опстојувањето како кореографска и политичка стратегија – способноста за заедничко носење на тежината, истрајување и создавање форми на поддршка во услови на неизвесност.

Вториот дел, „Мочуришна драма (AT)“, е перформативно предавање на Марија Хубер, која преку своето драг-алтер его Крокодилска Солза ги истражува флуидните граници меѓу драг-перформансот, кореографијата со предмети и филозофското предавање. Низ лични искуства, кантри песни и прашања за ранливоста, заедничкото тагување и создавањето отпорни простори, делото отвора простор за поинакво промислување на квир и деколонијалната драматургија.

Соработката меѓу МКЦ/МОТ и „Локомотива“ е долгогодишна и суштински важна за развојот на современата изведувачка сцена во Македонија. Низ годините, ова партнерство создава простор за афирмација на нови уметнички практики, експериментални формати и интердисциплинарни пристапи, овозможувајќи независните уметници и организации да бидат активен дел од фестивалската програма. За МОТ, соработката со „Локомотива“ е дел од континуираната заложба фестивалот да биде отворена платформа за современи уметнички изрази, критичко промислување и нови сценски јазици.

Билетите се по цена од 400 денари и може да се набават онлајн преку bileti.mkc.mk.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?