Спречен обид за шверц на граничниот премин „Богородица“. Наместо само пријавениот товар со пропиленски гранулати, царинските службеници во камион откриле и 5.000 штеки непријавени цигари, чија вредност се проценува на околу 146.000 евра.
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против српски државјанин, сопственик на транспортна компанија од Србија, кој е осомничен дека се обидел нелегално да ги внесе цигарите во Македонија.
Според информациите од Обвинителството, обидот за шверц вклучува цигари од марките „Марлборо“, „Давидоф“ и „Винстон“ биле спакувани во 100 необележани картонски кутии. Царинските службеници ги откриле при контрола на приколката, по што стоката била одземена.
Против српскиот државјанин се води постапка за кривично дело „Криумчарење“ од член 278, став 2 од Кривичниот законик.
Поради опасност од бегство, јавниот обвинител побарал од судот да му определи мерка притвор на осомничениот.
