Драматичен Black Friday низ светот

фото: принтскрин Instagram/@bonnie._.yuan

Драматичен Black Friday низ светот со расфрлани патики, пресметка за чанти и предупредувања за долги редици

Отворени кутии и патики расфрлани по подот во продавница на Nike во Сиднеј, а во Јужна Африка пресметка меѓу купувачи за чанти на промоција. Снимките од двете продавници се проширија на социјалните мрежи за време на годинешниот Black Friday, додека во Велика Британија синдикатот на трговските работници предупреди дека долгите редици и брзото распродавање на залихите можат да доведат до тензии.

Во аутлет-центарот DFO во Хоумбуш, во западниот дел на Сиднеј, купувачите пребарувале низ отворени и расфрлани кутии за да го најдат својот број. На видеото објавено на Инстаграм се гледаат кутии и обувки по подот меѓу купувачите што сè уште бараат патики. Според австралискиот Nine, снимката собрала стотици илјади прегледи.

Во Јужна Африка, промоцијата на чанти Luella во продавница на Foschini завршила со пресметка меѓу купувачи. Според јужноафриканскиот портал IOL, понудата била „купи една, добиј втора бесплатно“. Компанијата TFG соопштила дека го истражува инцидентот откако на социјалните мрежи се проширила снимка од случувањето.

Во Велика Британија, синдикатот Usdaw ги повика купувачите да покажат трпение кога редиците се долги или производите брзо се распродаваат. Во неговата анкета со повеќе од 2.200 вработени во трговијата, 45 отсто од испитаниците рекле дека во изминатите 12 месеци добиле закана од купувач, а 12 отсто пријавиле физички напад.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?