Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден во посета на Финска

 Американскиот претседател Џо Бајден денеска е во посета на Финска. Тоа е прва посета на актуелниот американски претседател на Финска по посетата на Доналд Трамп пред пет години.

Посетата на најновата земја членка на НАТО е последната етапа од турнејата на Бајден низ Европа.

Бајден во претседателската палата во Хелсинки се сретна со неговиот фински колега Саули Ниинисто, како и со финскиот премиер Петри Орпо.

Потоа започна средба со шефовите на владите на нордиските земји Данска, Норвешка, Шведска и Исланд. Главна тема на разговорите е поблиска соработка на полето на безбедноста, климата и технологијата.

Посетата на Бајден на финската престолнина ќе заврши со заедничка прес-конференција со Нинисто.

Бајден допатува во Финска од Литванија, каде што учествуваше на Самитот на НАТО.

Финска официјално стана членка на НАТО на почетокот на април. Финска е земја-членка на Европска унија и на НАТО со најдолга граница со Русија – околу 1.340 километри. 

Зачлени се на нашиот е-билтен