Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руската пропаганда објави фалсификат потврда за армиските додатоци во Украина

Руската пропагандна машина за лажни вести продолжува со обидите да го обезличи украинскиот народ со помош на директни фалсификати. Низа докази деновиве објавија украинските медиуми за случаите за фалсификување на лажна реклама за Леопард тенковите, која наводно била прикажана на светлечкиот билборд во Берлин, за ширењето на лажни вести од страна на руските медиуми дека хемискиот елемент „Московиум“ е преименуван во „Украиниум“, како и за руските објави дека американски се противат на војната со Русија.

Овој пат руската пропагандна машина за лажни вести пласираше фалсификат потврда за армиските додатоци во Украина, пренесува Укринформ.

На фотографијата руските пропагандисти заборавиле да го заменат потписот на поранешниот министер за финансии со оној на сегашниот.

Провоените руски канали на Телеграм шират фотографија од, како што се тврди, потврда, наводно издадена на војници на Украина за надоместоци за нивната служба во износ од два милиони гривни, на која стои дека нивната плата ќе ја добијат после 2 февруари 2026 година.

Потписот на дното на документот не му припаѓа на актуелниот министер за финансии, Серхи Марченко. Другите документи кои лесно се наоѓаат на интернет го имаат неговиот вистински потпис.

Руските пропагандисти едноставно фотошопираат слики кои се бесплатно достапни на интернет.

Фалсификуваниот потпис е на поранешниот министер за финансии, Олександр Шлапак, кој ја извршуваше функцијата од 27 февруари до 2 декември 2014 година.

Војниците кои ја бранат Украина добиваат пристоен паричен надоместок, кој се состои од два дела – месечен паричен надоместок (во зависност од позицијата, чинот, историјата на службата итн.) и дополнителна парична награда утврдена за воениот период. За оние војници кои не се директно вклучени во непријателствата, дополнителната награда изнесува приближно 1.000 UAH (гривни) дневно, додека оние кои учествуваат во битки добиваат приближно 3.000 UAH дневно.

Подготви: А. Р. (Frontline)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново