Едно лице загина, а две се повредени при прободување со нож во психијатриски центар западно од Копенхаген, соопшти данската полиција.
Станува збор за тројца вработени во болничкиот центар, а еден од повредените се уште е на лекување.
Полицијата засега не се открива идентитетот на жртвите, ниту кој е сторител на злосторството во Глоструп, предградие на Копенхаген.
Полицијата само соопшти дека во врска со нападот е уапсено 41-годишно лице.
Не е познато ниту што довело до инцидентот.