Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Скопје се сеќава-60 години од катастрофалниот земјотрес 1963, Бектеши со апел да се донесе акт со кој ќе се утврди дали со Иловица се загрозува животната средина, стартува „ЕУ за чист воздух“

ТЕМА НА ДЕНОТ

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3 000 беа повредени. На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Притоа, беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.

На 60 годишнината од земјотресот и УСАИД (USAID – United States Agency for International Development) одбележува годишнина од нивната прва помош дадена во странство, токму за замјотресот во Скопје 1963. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Да се донесе акт со кој ќе се утврди дека потенцијалната инвестиција е спротивна на стандардите за заштита на животната сртедина. Само така ќе можеме да постапиме, да дејствуваме и да поднесеме предлог со кој би се раскинал договорот со концесионерот „Еуромакс“ за рударскиот комплекс „Иловица-Штука… нашиот предлог како Министерство за економија е, да се повикаме на аргументот „заштита на животната средина“ како најдобра опција, нешто што го бараме и ние и целата јавност и да се донесе акт со кој ќе се утврди дека одредена потенцијална инвестиција е спротивна на стандардите за заштита на животна сртедина. Откако ќе се донесе тој акт или ќе се одбие и нема да се донесе позитивно решение за заштита на животна средина, утредента Министерството за економија ќе достави предлог за раскин на договорот. Но, да се дава простор за да не се носи никаква одлука, да не постапуваат институциите, мислиме и сме на ставот дека тоа е голем ризик за арбитражна постапка“, истакна денеска на прес-конференција министерот за економија, Крешник Бектеши.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Нова кампања за донации за Украина преку „World of Warcraft“ со Мила Кунис како заштитно лице. Организацијата што стои зад оваа иницијатива се вика „BlueCheck Ukraine“ и нејзин ко-основач е познатиот актер Лиев Шрајбер. Средствата собрани од оваа акција во најголема мера ќе бидат наменети за хуманитарна помош, медицинска помош и поддршка на деца сирачиња, како и за снабдување со основните потреби за луѓето опфатени од војната во Украина. Повеќе информации има на следниот линк, каде можете и да донирате.

*

Унилевер и Нестле одобрија регрутирање на своите вработени во Русија за потребите на Путиновата војна во Украина.Повеќе од 7.000 работници на Нестле во Русија се изложени на ризик да бидат ангажирани во војната во Украина бидејќи компанијата е под притисок да се повлече од земјата. Од Унилевер потврдија дека се свесни за рускиот закон „со кој се бара од секоја компанија што работи во Русија да дозволи регрутирање на вработените доколку бидат повикани“, се вели во писмото од кампањата на групата B4Ukraine.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕНЕРГЕТИКА Марко Бислимоски доби поддршка од пратениците за втор мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпат на денешното продолжение на 120. sобраниска седница.

ПРАВОСУДСТВО Оценската мисија за функционирањето на правосудниот систем во Северна Македонија ќе отпочне со работа утре. Лидерот на експертскиот тим, Бранко Хрватин, поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска ќе ја посети земјава на утре и задутре, со што ќе го означи почетокот на работата на мисијата, соопшти денеска Делегацијата на Европската Унија во земјава.

ЕКОЛОГИЈА Стартува програмата „ЕУ за чист воздух“ вредна 10 милиони евра. цел да придонесе за намалување на емисиите на загадувачи и честички во Битола, Куманово, Скопје и во Тетово, со што ќе се подобри квалитетот на воздухот во земјава.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми: ЕУ бара избори на северот на Косово во најбрз можен рок; аналитичарите велат дека има компромис за избори; во Албанија беснеат пожари; Јули – месец на крштевањето на албанските држави

ДЕЗИНФОРАМЦИИ

Порталот Expres.mk објави класична дезинформација дека наводно во Струга германската фирма ДМ го суспендирала македонскиот јазик од производите и има декларации само на албански.

Повеќе: https://tinyurl.com/4vkr8fwy

МУЛТИКУЛТУРА

„На денешен ден се навршуваат шеесет години од катастрофалниот земјотрес  во Скопје, во кој загинаа 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Но, ова не е содржина за тоа што се случувало на 26 јули 1963 година, за сеќавањата на луѓето што го доживеале овој потресен и трагичен ден. Оваа кратка содржина е во некој облик – огледало на општествените текови, модели и перцепции за тоа како функционира една мултиетничка држава, кога е во прашање културата, и не само таа“, вели Дијана Тахири во „Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес официјално – на македонски, другите се по одмори“

СЛОБОДНА ЗОНА

„Судбината, ликот, духот и животот на градовите ги обликуваат катастрофите, природните, воените, политичките, економските… Така е и со македонската престолнина.Скопје е отпорен град. Бележи голем број трагедии низ својата историја и сегашност. Пред 60 години (26 јули 1963), доживеа катастрофален земјотрес, со јачина од 9 степени според Меркалиевата скала, кога речиси 80 отсто од градбите беа уништени, со повеќе од илјада жртви меѓу кои повеќе од 160 деца, повредени беа три илјади луѓе, по што повеќе од 800 останале со трајни последици“; пишува Џабир Дерала во „Скопје, континенталниот Солун на Балканите, симбол на солидарноста, мултикултурализмот и поделбите“

За уставните измени и што ќе се случи доколку опозицијата не гласа пишува Љубиша Николовски во „Ако опозицијата не гласа за уставни измени, пакувајте куферите“. За Мицкоски и за неговата агенда, наспроти макеоднската, пишува Драган Мишев во „Господине“ Мицкоски, што правите вие тука?“ ,а за идејата дека Мицкоски ќе победи на изборите, прочитајте ја „Мала енциклопедија на конзервирано лудило“, колумна на Ненад Јовановиќ.

Подготви: Б. Јордановска

Зачлени се на нашиот е-билтен